По дефиниција, цензура претставува постапка за надгледување на слободата на изразување. Цензурата може да поприми различни форми, но во основа има за цел да го контролира начинот на кој луѓето ја перципираат средината во која се наоѓаат, во прилог на владеачката структура или на оние кои имаат моќ. Цензурата е постапка, карактеристична за авторитарните државни системи, но во име на заштита на јавниот морал, се применува и во демократските општества. Благодарејќи на отворената и комплексна природа на интернет-мрежата, можноста за брз и едноставен трансфер на информации, овој нов медиум даде неизмерен придонес кон слободата на говорот. Сепак, постојат држави во кои со помал или поголем успех се цензурираат содржините достапни на интернет.