Рубрика: Телекомуникации
iPhone ќе ве остави без здив
Автор: Ана Симоновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Стив Џобз го претставува iPhone

Бројните шпекулации кои ги полнеа форумите во изминативе неколку месеци се покажаа како основани. Во рамките на манифестацијата "Macworld" во Сан Франциско, Стив Џобз го претстави спектакуларниот иПхоне, кој се чини дека ги надмина и најсмелите предвидувања. Според Џобз, станува збор за многу успешен спој помеќу iPod со широк екран, чувствителен на допир, револуционерен мобилен телефон и уред за интернет комуникација.

Спектакуларниот iPhone го остави светот без здив, најавувајќи ново поглавје во историјата на мобилната технологија. Ова префинето парче хардвер изобилува со новитети кои се базираат на верзијата на оперативниот систем Mac OS X. Се одликува со интуитивен графички интерфејс, а се управува со допир на екранот, кој има дијагонала од 89 mm и резолуција од  320x480 пиксели. Компанијата Apple ја патентираше новата технологија за истовремена употреба на повеќе прсти при одбирањето на финкциите и скролувањето низ работната околина. Уредот има едено единствено "Home" копче, а сите останати операции се вршат преку екранот на допир.

Извонредниот дизајн крие мноштво функционалности. iPhone се одликува со камера од 2 мегапиксели, Bluetooth 2.0 комуникација и iPod dock конектор. Ќе се продава во две верзии. Моделот со 4 гигабајти меморија на американскиот пазар ќе се продава за 499 долари, а оној со двојно поголем капацитет ќе чини 599 долари. Овој револуционерен уред на стариот континент ќе пристигне кон крајот на годинава.

 

Стив Џобс го претставува iPhone на конференцијата Macworld којашто се одржа на 9-ти јануари во Сан Франциско

Што сè се случуваше на Macworld на 9 јануари 2007
Клучни зборови:
Стив Џобз го претставува iPhone

Стив Џобз го претставува iPhone

Присутните на Macworld во јануари имаа можност одблиску да го видат iPhone. Уредот беше поставен во холот пред конференциската сала, но заштитен со сигурносно стакло

Присутните на Macworld во јануари имаа можност одблиску да го видат iPhone. Уредот беше поставен во холот пред конференциската сала, но заштитен со сигурносно стакло

iPhone

iPhone

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.