Рубрика: Физика
Мултиуниверзум во 10 димензии
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За да ги одгатнат сé уште неразјаснетите енигми во природата на универзумот, астрофизичарите сé повеќе се свртуваат кон теоријата за струните. Дали по двете радикални промени на нашите сфаќања за светот, кои се резултат на најголемите достигнувања на физиката во изминатиот век - релативитетот и квантната физика - ни претстои уште едно, досега најрадикално свртување кон 10-димензионален модел на мултивселена, во која нашиот универзум е само еден "субуниверзум" помеѓу речиси бесконечен број други постоечки субуниверзуми, секој со свои физички закони?

Во изминатиот век, благодарение на двете Ајнштајнови теории за релативитетот и на квантната теорија, физиката доживеа огромен скок во проширување на границите на научното знаење. Тоа радикално ги промени нашите погледи на светот кој нè опкружува, со траен раскин со сфаќањата од минатото. Имено, ние научивме да гледаме поинаку на просторот, времето и гравитацијата, и повеќе не зборуваме за честички со одредена положба и брзина, туку за бранови функции и веројатности. Сега главната улога повеќе не и припаѓа на материјата, туку на начелата на симетријата, од кои некои се скриени од нашите погледи. Но, тука се заглавивме – ние сè уште немамекоегзистентна теорија која ги поврзува во иста рамка наведените два стожера во физиката.

На овој проблем Ајнштајн закудно ги потрошил последните години од својот живот, но тогаш тоа било прерано, бидејќи во тоа време се знаело само за две од четирите основни природни сили: гравитацијата и електромагнетизмот. Но, интересно е дека поврзаноста на тие две сили , физичарите уште тогаш ја барале во додавањето на уште една просторна димензија, свиткана во екстремно мала јамка, која не може да се види ниту со нашите најсилни микроскопи. Оваа идеја, која потекнува од германско-шведскиот тандем Калуза и Клајн, се чини апстрактна, но да се потсетиме, според Ајнштајновата теорија за релативитетот масата го искривува просторот, па лесно може да замислиме дака во почетокот, кога вселената била енормно мала и густа (огромна маса во мал волумен), нејзината енормно голема гравитација екстремно го искривила просторот, така што сите просторни димензии, вклучувајќи ги и класичните 3, кои сега ние ги гледаме, биле свиткани на екстремно мал простор. Од друга страна, истата теорија кажува и дека просторот е флексибилен (растеглив), па лесно може да замислиме дека 3-те класични димензии експандирале, т.е. се "исправиле", за разлика од другите кои останале свиткани во екстремно мали јамки.

Оваа идеја одиграла витална улога во појавата на Теоријата на струните (М-теорија), главен претендент за унификација на Општата теорија на релативитетот и на квантната теорија (Емитер 1/06: "Теорија за струните"). Да се потсетиме, според таа теорија финдаменталните честички се, всушност, еднодимензионални вибрирачки објекти во вид на отворени или затворени струни, со енормно мала големина. Теоретските равенки на оваа теорија се математички коегзитентни во 10-димензионален простор-временски континуум, што подразбира додавање на 6 екстра-димензии, невидливи поради нивната, како што кажавме, енормна искривеност во геометријата на простор-времето.

 

Целиот напис "Мултиуниверзум во 10 димензии" може да го прочитате во изданието ЕМИТЕР 2/2007

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.