Рубрика: Автомобилска техника
Автомобил - првите 120 години: Андре Ситроен
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Без сомнение, Андре Ситроен спаѓа во потесниот круг на кандидати кои можат да ја понесат титулата Гордост на француската нација. Маркетинг-мајстор кој го разбирал вкусот на јавноста. Основач е на фирмата "Ситроен" која храбро дури и по цена на самоуништување го трасира патот по кој треба да се оди во светот на автомобилската индустрија. Кога оваа фирма дејствува самостојно и ги има лостовите во своите раце, тоа го прави без пардон. Со еден збор: творец е на револуции во светот на автомобилите од кои на конкуренцијата í требаат децении да се соземе. Техничките решенија на нивните конструкции се оригинални, вдахновени и ненадминати. Ретки се оние кои можат да се пофалат со вакво нешто, а тоа во изобилство го има во "Ситроен".

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.