Ако купувате антибактериски сапун, живеете во голема заблуда, затоа што она што ги штити вашите раце е сапунот, а не антибактериската состојка. Веројатно како и многумина тргнувате од претпоставката дека производот за чистење со назнака антимикробски или антибактериски претставува побезбедна, односно похигиенска понуда за истата работа. Но, како што стојат работите, се чини дека не постојат докази дека дополнителните супстанции во овие производи ја подобруваат хигиената на рацете. Од друга страна тие придонесуваат за еден мошне опасен проблем – антибиотската отпорност на микроорганизмите.