Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на планетата Венера
Деновиве астрономите објавија изненадувачко откритие за Венера – во погорните слоеви на нејзината атмосфера откриле знак, молекули од гасот фосфин (phosphine), што можеби укажува на животен процес.
Објавено на 18.09.2020 - 11:15

Омнибус
Како што открива едно неодамнешно истражување, осумдесет и четири онлајн-списанија со отворен пристап (ОП) од областа на природните науки и речиси 100 други од областа на општествените и хуманистичките науки, исчезнале од Интернетот во последните две децении. Причина – издавачите престанале да ги одржуваат сајтовите, потенцијално лишувајќи ги научниците од мноштво откритија и корисни податоци за нивните истражувања.
Објавено на 17.09.2020 - 11:30

Аудио и видеотехника
Повеќето од нас се изненадени кога за првпат ќе го слушнат својот глас на снимка и, главно, реакцијата секогаш е “дали навистина звучам толку ужасно?“. Затоа, многумина не сакаат да се слушаат себеси на снимка.
Објавено на 16.09.2020 - 12:45

Медицина
Да претпоставиме дека терапијата врз база на ивермектин ќе почне да се применува во амбулантски услови, т.е. ќе се третира секој новопотврден инфициран, како и секој хоспитализиран со Ковид-19. Има две клучни прашања: 1. Колкав е ризикот од смрт на човек инфициран со SARS-CoV-2 (infection fatality...
Објавено на 14.09.2020 - 20:15

Макетарство и моделарство
Изминатиот викенд, односно на 13.9.2020 година на спортскиот аеродром крај с. Логоварди во Битола се одржа натпревар на најдобрите воздухопловни моделари во категорија РУ Ф5Ј електроедрилици, една од најпрестижните категории во која воздухопловните моделари покажуваат максимални знаења во областа на радиоуправувани модели.
Објавено на 14.09.2020 - 13:15

Омнибус
Во овој времеплов го славиме роденденот на Харви Флечер, таткото на стереофонскиот звук. Покрај ова ги одбележуваме денот на првата демонстрација на едно интегрирано коло, успехот на советската сонда Луна 2, првата далечински изведена компјутерска пресметка и моментот што ги обедини американците во поддршка мисијата за испраќање човек на Месечината до крајот на шеесетите години.
Објавено на 11.09.2020 - 16:30

Информатика
Како што добро знаете, Adobe потврди дека Flash Player ќе биде службено “пензиониран“ на 31 декември 2021 година. Ова значи дека за него повеќе нема да се издаваат безбедносни заштити и други надградби. Покрај ова беше потврдено дека при префрлањето кон новиот стандард HTML5, Adobe ќе соработува со партнерите, меѓу кои е и компанијата Мајкрософт.
Објавено на 11.09.2020 - 11:00

Аеронаутика
Во пресрет на големиот празник 29 години од осамостојување на Република Македонија, Куманово по вторпат беше домаќин натпреварот во прецизно слетување со едрилици. Повторно на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово се одржа натпревар на најдобрите едриличари од нашата Република.
Објавено на 10.09.2020 - 19:00

Омнибус
Во овој времеплов ја славиме првата фотографија на стаклена плоча на Џон Хершел, родендените на американскиот астроном Вилијам Бонд, на италијанскиот лекар и физичар Луиџи Галвани, како и на американскиот хемичар кој ни го даде винилот, Валдо Семон. Покрај ова го одбележуваме и денот кога е забележанa првата вистинска компјутерска “бубачка”.
Објавено на 09.09.2020 - 14:30

Автомобилска техника
Овој септември на македонскиот пазар TOYOTA носи одличен новитет за секое бизнис ориентирано лице, на кое што му е потребен верен и издржлив партнер во бизнисот. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионалните возила во гамата на TOYOTA – TOYOTA PROACE City.
Објавено на 04.09.2020 - 17:30

Pages