Рубрика: Макетарство и моделарство
Државно првенство во РУ Електромоторни едрилици-модели во категорија Ф5Ј
Автор: Перица Поповски
Објавено на 01.11.2022 - 14:45

Подготвени за старт на почетната линија за старт

Во склоп на активностите на Воздухопловната федерација на Македонија, Моделарска комисија, и оваа година се организираа повеќе натпревари во категории кои претставуваат врв на воздухопловносто моделарство. Па така изминатиот викенд на 30.10.2022 г. (неделата) се одржа Државното првенство кое претходно беше прекинато поради временски неприлики, односно ветер посилен од дозволеното според правилникот на ФАИ.

Повтореното државно првенство во радиоуправувани модели категорија Ф5Ј, радиоуправувани електромоторни едрилици се одржа во организација на РЦСК Скопје и АК Битола. На натпреварот учество зедоа воздухопловни моделари од АК “Скопје“, АК “Витачево” од Кавадарци“ и од АК ”Мирко Тодоровски” од градот домакин Битола, при што вкупно настапија 5 натпреварувачи. За жал, поради семејни обврски, 3 натпреварувачи што присуствуваа на претходната средба не беа во можност повторно да дојдат.

Подготовка на моделот за старт

Натпреварувачите имаа прекрасен октомвриски ден за да ги покажат своите вештини, како во тек на натпреварот така и при рекреативното летање. Главниот судија, Пеце Илиевски, организираше тим на мерачи на време претежно од градот домаќин, но мерачи имаше и од другите клубови учесници. Се вклучив и јас, со цел да помогнам во организацијата на натпреварот како мерач на време, но и за да бидам во можност директно да ви ги пренесам резултатите од натпреварот и да известам за новите достигнувања во оваа категорија. Натпреварот со одвиваше во 6 турнуси, односно летови во траење од по 10 минути, во две групи, со дополнителни 2 лета, т.н. fly-off, за претендентите за првите 3 места, со времетраење од по 15 минути. Присуството на меѓународен натпревар на дел од учесниците им овозможи ушто подобро да се подготват и да покажат дека навистина заслужуваат најдобрите да бидат членови на репрезентацијата на Р. Македонија.

Стартови за прво место

За разлика од минатите години, оваа година речиси сите моделари имаа 4 метарски електромоторни едрилици со целокупна електронска опрема, вклучувајќи РУ приемник на 2,4 GHz, батерии за напојување на приемникот, висинометар и електромотори од типот ‘брашлес’ со голема моќност. Според пропозициите секој натпреварувач во работното време прогласено од Главниот судија го исфрлаше моделот во воздух, притоа водејќи сметка електромоторот да биде вклучен до 30 секунди, по што треба самиот да се исклучи или тоа е должен да го направи натпреварувачот. Постои и алтернатива моторот да се стартува со помало времетраење и на помала висина, при што добиваат дополнителни поени ако се постигне лет во одредениот работен термин од 10 минути. Следниот чекор е слетување на цел до 10 м, при што ако се слета на растојание поголемо од предвиденото од 10м за слетувањето се добиваат 0 бодови. Секако, пропозиците се менуваат од година во година, но во глобала тоа е целта. Првите четирипласирани имаат дополнителни 2 лета со трање на работно време од 15 минути и кој ќе издржи подолго во воздух и слета попрецизно е победник.

По одржаните 6 + 2 летови беа прогласени победниците на Државното првенство. Дипломите и медалите ги предадоа претставник а Воздухопловната федерација на Македонија и главниот судија Пеце Илиевски.

Тројца првопласирани во сениорска конкуренција

Првото место го освои Драган Цветановски од аероклубот “ Мирко Тодоровски “Битола”, второто му припадна на Гоце Јосифовски од аероклубот “Витачево” од Кавадарци, а третопласиран беше Горан Стевковски, исто така од АК “Витачево”, Кавадарци.

Посебна Диплома доби дебитантот на овој натпревар, младиот Михаил Трајковски од АК Битола, а организаторот му додели диплома за активноста во текот на натпреварот и на најмладиот учесник, Дамјан Масин од Охрид, кој настапи со лизгач вон конкуренција.

Заедничка фотографија на сениори и добитници на диипломи

По натпреварот речиси сите натпреварувачи правеа летови по слободен состав и разменуваа искуства. Тоа што поради оправдани причини Насте Здравевски не учествуваше како натпреварувач беше хендикеп, но во секој случај, тој останува еден од кандидатите за меѓународниот натпревар во 2023 година.

Можам да заклучам дека од година во година се зголемува бројот на РУ моделари кои веќе располагаат со современа техничка опрема и квалитетни модели, особено во категоријата Ф5Ј, а свое си носи и меѓународното искуство, со учеството на првенството во соседна Грција во натпреварот во Ф5Ј. Секако, категоријата на модели Ф5Ј е врв на радиоуправуваните едрилици, но мое мислење е дека треба да се развива и категоријата на РУ модели до 2 метри, кои би овозможиле помасовно учество.

 Морам да додадам дека натпреварот помина во беспрекорна организација, за што помогна и инфраструктурата на АК “Мирко Тодоровски” – Битола, а за учесниците, судиите и гостите од Охрид и Кавадарци , беше организиран заеднички ручек кој протече во размена на искуства и планови за работа за наредниот период.

Клучни зборови:
Подготвени за старт на почетната линија за старт

Подготвени за старт на почетната линија за старт

Подготовка на моделот за старт

Подготовка на моделот за старт

Старт на модел Ф5Ј

Старт на модел Ф5Ј

Стартови за прво место

Стартови за прво место

Старт на Јубиорот Михаил Трајковски

Старт на Јубиорот Михаил Трајковски

Слетување на целната линија

Слетување на целната линија

МоделФ5Јво фаза на слетување на целната линија

МоделФ5Јво фаза на слетување на целната линија

Мерење на растојанието до целта после слетување

Мерење на растојанието до целта после слетување

Монитор за контрола на работното време и координаторот – главниот судија

Монитор за контрола на работното време и координаторот – главниот судија

Контрола од главниот судија на додатните летови

Контрола од главниот судија на додатните летови

Тројца првопласирани во сениорска конкуренција

Тројца првопласирани во сениорска конкуренција

Заедничка фотографија на сениори и добитници на диипломи

Заедничка фотографија на сениори и добитници на диипломи