Омнибус
Како и секоја година Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и УКИМ, го организираат настанот Отворени денови на ФЕИТ чијашто цел е да ги запознае матурантите, средношколците, но и сите други заинтересирани кои сакаат да го продолжат своето образование во доменот на електротехниката, телекомуникациите и информатиката од поблиску да се запознаат со можностите и условите за изучување кои ги нуди ФЕИТ. Оваа година, поради условите на пандемија, настанот се организира и ќе се одржи online.
Објавено на 27.02.2021 - 13:00

Медицина
Вчера Државн иот завод за статистика го објави месечниот статистички извештај за февруари 2021 година во кој се и податоците за бројот на умрени во 2020 во споредба со неколку години наназад. Се забележува многу голема бројка за декември 2020 година и дека во 2020 има околу 5000 повеќе смртни случаи отколку што е просекот за неколку години претходно, како и тоа дека оваа одвишна смртност е поголема од официјалните 3100 починати од ковид-19 во 2020 година.
Објавено на 27.02.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме неколку интересни датуми: јубилејни 55 години од успешното лансирање на ракетата Сатурн 1Б од Кејп Канаверал, 252 години од промоцијата на првото самодвижечко возило на францускиот инженер Жозеф Кињо, и 151 година од демонстрацијата на првата линија за подземен превоз во Њујорк.
Објавено на 26.02.2021 - 18:15

Астрономија и астронаутика
Во Полскиот институт за авијација пред некој ден беше направено пробно палење на “зелен” сателитски ракетен мотор. Ракетниот мотор е планиран како алтернатива на денешните мотори кои како погонско гориво користат хидразин, а кои телекомуникациските сателити ги користат за маневрирање до заземањето на нивната конечна геостационарна орбита.
Објавено на 26.02.2021 - 16:15

Биологија
Иако многумина долго време се сомневаа дека квантниот свет има влијание во ‘ реалниот ’ живот, едно неодамна реализирано истражување потврдува дека квантното тунелирање се случува и во рамките на гените, на ниво на ДНК, на собна температура...
Објавено на 26.02.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов одбележуваме 125 години од раѓањето на Ида Таке Нодак, жената која ја предвиде нуклеарната фисија, а го славиме и роденденот на нуклеарниот физичар Лев Арцимович, таткото на Токамак реакторот. Покрај ова оддаваме почит на делото на рускиот научник Сергеј Виноградски, а се сеќаваме и на денот кога iTunes Store го пречекори прагот од 10 милијарди продадени песни...
Објавено на 25.02.2021 - 16:45

Информатика
г-ѓа Љубица Пендароска од неодамна е претседател и координатор на Националното поглавје на EU Women4Cyber. Таа е една од 50-те највлијателни жени од областа на кибер-безбедноста во Европа. Таа е една од првите во тимот во земјава што работеле за заштита на личните податоци и дел од евро-азиската канцеларија на УНИЦЕФ, со цел унапредување на постапувањето со личните податоци на деца. Мотивот на хакерите, објаснува Пендароска, е да остварат недозволена, противзаконска корист од различен вид, односно некаква вредност.
Објавено на 25.02.2021 - 12:30

Медицина
Инјектирањето на матични клетки добиени од сопствената коскена срцевина на пациентот значително ја подобрило моторната функција во рок од неколку недели кај лицата со повреди на 'рбетниот мозок.
Објавено на 25.02.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на познатиот марокански научник и патеписец Ибн Батута, на астрономот Брајан Шмит, и на иноваторот од областа на информатиката Стив Џобс. Покрај ова го одбелеуваме и денот кога е донесет декретот со кој се менува корекција во календарот и тој ја добива формата што ја користиме денес. На денешен ден Јукихиро Мац Мацумото започна да работи на програмскиот јазик Руби ...
Објавено на 24.02.2021 - 18:00

Психологија
Додека спиеме и сонуваме можеме да ја вршиме математички операции, да одговориме на прашањата што ни ги поставуваат, па дури и да реагираме на сетилни побуди, сево ова без да се разбудиме. Барем вака велат новите истражувања...
Објавено на 24.02.2021 - 14:00

Pages