Рубрика: Информатика
„Веритас Алта“ – нова платформа за управување со податоци во облак
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 10.04.2023 - 11:15

Континуираната иновација во доменот на безбедноста од аспект на решенијата за изработка на резервни копии и обновување на податоците наменети за претпријатија, беше потврдена со неодамнешното лансирање на Веритас Алта – безбедна платформа за управување со податоци во облак, која им помага на клиентите да се осигураат дека нивните вредни податоци се заштитени, обновени и усогласени низ сите облаци.

Veritas Alta View, конзолата за управување базирана на облак, им овозможува на корисниците единствена видливост и контрола врз заштитата на сите податоци, без разлика дали тие се наоѓаат некаде на серверите во просториите од каде што тие делуваат или некаде надвор од локацијата.

По седумнаесетти пат минатата година аналитичарите на Гартнер ја рангираа Veritas Technologies како лидер во Gartner Magic Quadrant на софтверските решенија за креирање на резервни копии на податоци и решенија за обновување податоците.

Во извештајот „Гласот на клиентот“ на Gartner Peer Insights, тие се препознаени како Избор на клиентите, во сегментот на софтверски решенија за креирање и управување со резервни копии и обновување на податоците наменети за претпријатија.

Како што заканите од ренсомвер продолжуваат да ескалираат [насекаде] низ претпријатијата, ние треба да ги зајакнеме нашите клиенти да ја преземат контролата над нивните податоци и да ги обезбедат во средини насекаде, во и надвор од нивните простории, како и во секој облак“, изјавил Лоренс Вонг, виш потпретседател на одделот за производ и стратегија.

Клучни зборови: