Најголемиот технолошки настан во Европа – Конференцијата „Tomorrow“, на која ќе се соберат повеќе од 10 000 познавачи и љубители на блокчејн и вештачка интелигенција, ќе се одржи во Белград во Штарк арена од 12 до 14 мај. Српската престолнина по вторпат ќе биде домаќин на ваков настан, што, според организаторите, е уникатно технолошко искуство кое во четири дена на едно место ќе ги собере светските имиња од областа на вештачката интелигенција (АИ), блокчејн, игри, метаверс и Web3.
Еден месец пред свеченото отворање, потврдено е учеството на повеќе од 100 меѓународно признати говорници и презентери, меѓу кои секако е важно да се истакнат предавањата што ќе ги одржи наградуваниот режисер и најпродаваниот автор на Њујорк Тајмс – Јан Халперин, прославениот европски економски експерт – Ервин Володер, принцезата на метаверсот – Кристина Јан Занг, додека соосновачот на ECD – Александар Матановиќ, претседателот на српската блокчејн иницијатива – Емилија Вуковиќ и, секако, светски познатиот економист и брокер – Владимир Ѓукановиќ, ќе имаат свои презентации како регионални технолошки ѕвезди.
Овојпат како водител, шампионот на крипто заедницата, а можеби и најголемиот рокер меѓу учесниците, Скот Пејџ (член на легендарната група „Пинк Флојд“), е посебна ѕвезда на конференцијата во Белград. Сепак, овој уникатен влез во нова ера не би бил целосен без големите музички и шоубиз ѕвезди како диџејот и изведувач Пол Калкбренер, кој во организација на фестивалот „Егзит“ и конференцијата TMRW ќе настапи на 12 мај во Штарк Арена, а овој спектакл е само една во низата забави кои ги очекуваат сите учесници на собирот.
Втората конференција „Tomorrow“ во Белград го следи вистинскиот технолошки спектакл што се одржа во февруари годинава во Дубаи пред повеќе од 12 000 учесници. Конференцијата беше домаќин на повеќе од 80 меѓународно признати индустриски лидери кои од сцените со најсовремена продукција зборуваа за најновите трендови во дисруптивните технологии.