Информатика
г-ѓа Љубица Пендароска од неодамна е претседател и координатор на Националното поглавје на EU Women4Cyber. Таа е една од 50-те највлијателни жени од областа на кибер-безбедноста во Европа. Таа е една од првите во тимот во земјава што работеле за заштита на личните податоци и дел од евро-азиската канцеларија на УНИЦЕФ, со цел унапредување на постапувањето со личните податоци на деца. Мотивот на хакерите, објаснува Пендароска, е да остварат недозволена, противзаконска корист од различен вид, односно некаква вредност.
Објавено на 25.02.2021 - 12:30

Медицина
Инјектирањето на матични клетки добиени од сопствената коскена срцевина на пациентот значително ја подобрило моторната функција во рок од неколку недели кај лицата со повреди на 'рбетниот мозок.
Објавено на 25.02.2021 - 12:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на познатиот марокански научник и патеписец Ибн Батута, на астрономот Брајан Шмит, и на иноваторот од областа на информатиката Стив Џобс. Покрај ова го одбелеуваме и денот кога е донесет декретот со кој се менува корекција во календарот и тој ја добива формата што ја користиме денес. На денешен ден Јукихиро Мац Мацумото започна да работи на програмскиот јазик Руби ...
Објавено на 24.02.2021 - 18:00

Психологија
Додека спиеме и сонуваме можеме да ја вршиме математички операции, да одговориме на прашањата што ни ги поставуваат, па дури и да реагираме на сетилни побуди, сево ова без да се разбудиме. Барем вака велат новите истражувања...
Објавено на 24.02.2021 - 14:00

Медицина
Некако се навикнавме на бавнорастечките дневни бројки и се надевавме дека опаѓачката стапка на позитивни тестови сепак нема да дозволи посериозен раст. Но, од денеска имаме нов проблем на списокот на проблеми – седумдневната стапка на позитивни тестови ја проби горната линија на надолниот коридор. Дневната стапка на позитивни тестови (18,09%) исто така се искачи на нивоа невидени уште од 20 јануари. Тоа, во комбинација со растечкиот ефективен репродукциски број ни покажува дека британскиот тип на вирусот B.1.1.7 е веќе во силна експанзија...
Објавено на 24.02.2021 - 10:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на британскиот визионер и инжебер од областа на аудиотехниката Колин Сандерс, и на полскиот биохемичар Казимјеж Функ, првиот кој го употреби поимот витамин. Покрај ова одбележуваме 34 години од кога на јужното ноќно небо заблеска суперновата SN 1987A ...
Објавено на 23.02.2021 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Фотографија од роверот на пат кон површината на Марс
Тимот на мисијата Персеверанс на НАСА објави неверојатна серија слики којашто им овозможува на сите да го доживеат слетувањето на роверот од нова перспектива. Од илјадниците фотографии направени од шесте мали фотоапарати склопено е видео во траење од 3 минути и 25 секунди коешто го прикажува минатонеделното слетување на роверот од првото отворање на падобранот до моментот кога тој го допре тлото.
Објавено на 23.02.2021 - 15:45

Аеронаутика
Фотографија од запалениот десен мотор на авионот Боинг 777 направена од патничката кабина во воздух
Ова не е прв а веројатно нема да биде ни последен ваков инцидент во патничката авијација, но овојпат целата драма се одвивала над населено место. Секако, во авијацијата има посебна процедура за постапување во речиси сите вонредни сценарија па и при ваков дефект. Навремената реакција и примена на постапките во случај на нужда довеле до среќен исход – без жртви и без поголеми последици и штети.
Објавено на 23.02.2021 - 13:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Хајнрих Херц, кој прв практично го потврдил постоењето на електромагнетните бранови, и на Томас Курц, еден од двајцата софтверски инженери кои го создадоа програмскиот јазик BASIC. Го одбележуваме и раѓањето на првиот клон на цицач, овцата Доли, и претставувањето на процесорот AMD K6-III...
Објавено на 22.02.2021 - 16:00

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, побрза комуникација со клиентите, или побрз пристап до вашите датотеки и кориснички сметки, низ оваа серија написи ви претставуваме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 22.02.2021 - 13:15

Pages