Биологија
Ширењето на чили пиперките низ целиот свет засекогаш го промени ликот на кулинарските култури. Еден истражувачки тим го следеше ова патување со примена на геномиката и откри дека пикантниот вкус бил главен поттик во трговијата и во побарувачката.
Објавено на 20.08.2021 - 12:30

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој деветти дел од серијата зборуваме за темата: „Сенките на фоторафиите од Месечината“.
Објавено на 19.08.2021 - 12:15

Фототехника
Автор на оваа преубава астрофотографија од активната површина на Сонцето е фотографот Мехмет Ергун (Mehmet Ergün). На фотографијата јасно е забележлива сончевата зовриена површина и една помала протубераца, односно ерупција на работ на Сонцето.
Објавено на 19.08.2021 - 11:00

Како што минатата недела јавија неколку посериозни портали, меѓу кои британскиот Гардијан, американскиот Вајс Њуз, но и научно-популарниот Лајв Сајанс, на небото над Канада бил забележан НЛО со светлозелена боја. Како што се вели во извештаите, видувањето на НЛО било пријавено од еден комерцијален авион и еден воен авион. Мистериозниот зелен “објект” потоа исчезнал во облаците над заливот Сент Лоренс, на канадскиот атлантски брег.
Објавено на 18.08.2021 - 14:15

Медицина
На државно ниво веќе со денови се намалува преносливоста на епидемијата, односно забрзувањето на растот на дневните бројки, што се гледа од речиси преполовениот ефективен репродукциски број Rt (на дијаграмот на првата слика). Стравот си го чини своето, па веќе може да се каже дека сме во горната половина од бранот и постепено треба да се подготвуваме за врвот, односно точката на најголема болка. Да се потсетиме, тоа ќе се случи кога Rt ќе се намали до единица.
Објавено на 18.08.2021 - 11:15

Математика
Вчера Швајцарските истражувачи објавија дека ја пресметале математичката константа π (пи) до ново светско рекордно ниво на точност. Користејќи суперкомпјутер, тие успеале да ја пресметаат вредноста до 62,8 трилионитата децимала!
Објавено на 17.08.2021 - 14:00

Телекомуникации
Деца читаат весник доставен преку радио во 1938 година
За повеќето луѓе, '30-те години на 20 век во Америка се синоним за “Големата депресија”'. Сепак, годините на депресија не биле за сите мрачни и несреќни. Додека бизнисот и финансиите застанувале, технологијата цветала. Во однос на новите апликации и побарувачката, технологијата доживеала речиси непрекинат раст во текот на 1930-тите. Како што напредувала деценијата, пристапот до електрична енергија се проширил и во руралните области.
Објавено на 16.08.2021 - 11:15

Медицина
Денеска ќе започнеме со поинаков редослед од вообичаениот, разгледувајќи ја најнапред стапката на леталитет.
Објавено на 14.08.2021 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Маглината Лагуна
Објектот Месиер 8, познат и како NGC 6523 или маглината Лагуна, претставува огромен облак од гас и прашина во којшто се раѓаат sвезди.
Објавено на 13.08.2021 - 17:15

Омнибус
Веројатно досега сте користеле голем број јавни интерфејси со екран на допир – при подигање готовина од банкомат, за добивање реден број за услуга, при чекирање на аеродром, итн. Како што тоа сите добро го научивме во текот на изминативе година и половина, овие површини може да се покажат како одлична прилика за пренос на на некоја болест. Но, едно ново истражување излезе со изненадувачки резултат.
Објавено на 13.08.2021 - 15:15

Pages