Астрономија и астронаутика
Дидим и Диморфос во облак од материјал исфрлен од местото на ударот на DART. фото: ASI/NASA
Пред ударот камерите сместени во предниот дел на вселенското летало DART ни понудија хипнотички детален приказ на карпестата површина на Диморф, пред да леталото да се урне на неговата површина и со тоа ефективно да го прекине преносот. (види Прв тест за планетарна одбрана – леталото DART удри во астероид) Сега, орбиталниот сателит LICIACube, што го придружуваше DART речиси до неговата цел, ги испрати неговите први снимки од ударот на вселенското летало во астероидот Диморф.
Објавено на 29.09.2022 - 13:45

Информатика
Порталот за информатичка технологија, IT.mk, го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. Дополнително, истражувањето го прикажува и напредокот во овие области во Македонија споредбено со 2019 година, кога беше направено првото мапирање.
Објавено на 28.09.2022 - 12:45

Астрономија и астронаутика
Површината на Дидим фатена од камерите на DART неколку моменти пред ударот
По 10 месеци поминати во вселената, леталото DART ( Double Asteroid Redirection Test /Т ест за пренасочување на д во ен астероид) на НАСА ја имаше честа да ја направи првата демонстрација на планетарна одбранбена технологија во светот . Тој синоќа успешно ја погоди својата цел – избраниот астероид . Ова е прв обид з а помест ување на астероид од неговата траекторија во вселената.
Објавено на 27.09.2022 - 13:30

Информатика
Преку 100 експерти од ИТ индустријата од Македонија, Албанија и Косово се сретнаа во Охрид на конференцијата Ingram & Vendors networking #1 во организација на компанија Ingram Micro Macedonia. На настанот тие говореа за теми од типот безбедносни онлјан аспекти, DDoS заштита, решенија за складирање од светска класа, како и за ерата на multi-cloud.
Објавено на 26.09.2022 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Во средата, на 21 септември, мисијата на НАСА го заврши клучниот тест за полнење гориво на SLS ракетата (Space Launch System), ги помина сите негови фази и покрај малиот почетен застој. Агенцијата објави дека ги постигнала целите што биле поставени, но по анализата на податоците од тестот и за временската прогноза сепак се реши да се откаже од лансирање на 27 септември 2022 година.
Објавено на 26.09.2022 - 12:00

Информатика
Тимот на Emteq Labs со наградата за најдобро демо на Ubicomp 2022
За време на водечката меѓународна конференција за паметни технологии и уреди Ubicomp и ISWC 2022 во Англија, македонски тим од научници и инженери заедно со своите англиски колеги од Emteq Labs, се здобија со прва награда за најдобра демострација на иновативна технологија – паметните очила OCOSense. Победничката демонстрација покажува паметни очила што преку иновативни сензори и вештачка интелигенција ги препознаат изразите на лицето, за потоа да дадат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи.
Објавено на 23.09.2022 - 15:15

Медицина
Да не испадне дека кобам, ама дневните броеви на нови случаи започнаа одново да растат во Франција, Германија, Австрија, Словенија и во некои хрватски жупании (окрузи, околии, по македонски), коишто се граничат со Словенија. Секоја година во овие земји брановите започнуваат порано поради постудената клима.
Објавено на 23.09.2022 - 12:30

Информатика
Американскиот суд во средата пресуди дека компанијата Мета треба да плати 174,5 милиони долари за кршење на патентните права што се однесуваат на функцијата за пренос во живо во рамките на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм. Решенијата што овие апликации ги користат биле развиени од поранешен припадник на американската армија, кој ги осмислил како своевидна ‘закрпа’ за недостатоците во комуникацијата на бојното поле.
Објавено на 22.09.2022 - 13:15

Астрономија и астронаутика
На 27 септември 2022 година, во 1 часот и 14 минути по македонско време, сондата DART (Double Asteroid Redirection Test) ќе удри со брзина од 24000 km/h во месечината на астероидот Дидим, Диморф. Целиот спектакл што ќе се одигра на оддалеченост од нешто повеќе од 10 милиони километри од Земјата ќе биде будно следен од сателити на НАСА и ЕСА...
Објавено на 21.09.2022 - 17:15

Автомобилска техника
Речиси секогаш квалитетот на каросеријата на моторните возила (вклучително и шасијата каде што ја има) ја гледаме и оценуваме во однос на нејзиниот естетски аспект. Кај постарите возила, ако таа била ’рѓосана (скапана) лаички се задоволуваме со фактот што била закрпена во автолимарска работилница и си умислуваме дека е “како нова”. Ова е катастрофално поимање на нештата од оваа сфера! Ако пак се работи за модерно возило, кое настрадало во сообраќајна несреќа, исто така сме задоволни ако тоа било поправено во автолимарки сервис каде биле исправени и испеглани згмечените делници, па повторно си умислуваме дека е “како ново” – одушевување што значи дека ништо не се познава од сударот! И ова е катастрофално поимање на нештата од оваа сфера за што ќе стане збор во некоја друга прилика. Во оваа прилика ќе ја прокоментираме приложената фотографија која го покрива првиот од двата случаи што беа споменати.
Објавено на 20.09.2022 - 15:00

Pages