Ако малку од малку сте прочепкале низ јутјубот, сигурно сте налетале и на Slow Mo Guys, јутјуберите посветени на правење забавени снимки на речиси сè што е во движење. И ова го прават повеќе од 10 години. Во еден момент на ум им паднала неверојатна идеја: Дали може да се сними светлината во движење? Епа може...
За снимање на светлината, чијашто брзина од 300 000 километри во секунда се смета за апсолутно максимална брзина во Универумот, јутјуберите ја употребиле специјализираната опрема од Лаборатириите на Универзитетов на Калифорнија – CalTech.
Камерата што била употребена има можност за снимање со брзина од 10 трилиони (европски 10 билиони) односно 10*10^12 фрејмови во секунда. Постдокторандот Пенг Ванг, кој им помагал во правењето на снимката, вели дека буквално може да се види брзината на светлината, додуша посредно – на снимката може да се види светлина која се движи вдолж шишето во рок од 2000 пикосекунди.
Како функционира технологијата за снимање на светлината во движење дознаваме од следново видео:
Иако резултатот е спектакуларен, ова не е прво снимање на светлината во движење.Честа за ова им припаѓа на научниците од лабораториите во МИТ (Техничкиот институт на Масачустетс), каде пред 70 години е направена и познатата забавена снимка од куршум во движење низ јаболко. Светлината во движење тие ја имаат снимено уште пред 10 години. Во следното видео има повеќе информации за технологијата со која е постигната таа брзина на снимање. Накратко - како извор на светлина употребен е ласер кој емитира поворка од светлосни импулси, секој со траење од редот на фемтосекунди, а камерата снима само еден ред од сликата на секој импулс, па од 500 илјади такви снимки се составува една слика. Со низа од повеќе такви слики се добива многу забавена видео снимка како се движи еден светлосен импулс.