Информатика
За сите кои веруваат, кои се подготвени да отидат чекор напред и оние кои се подготвени да учат, да инспирираат и да бидат инспирирани, крајот на септември ќе донесе многу среќа и задоволство. Десет години после отворање на вратите за сите вљубеници, критичари, корисници, зависници од дигитал, AllWeb се враќа за да донесе ново дводневно искуство во кое ќе бидат спакувани четири различни сегменти на програмата.
Објавено на 09.09.2022 - 11:45

Информатика
Тешко е да се направи рамнотежа помеѓу работата и остатокот од животот, нели? А можеби и не... Ако тоа го направите на начинот што го предлага Samsung, постигнувањето на оваа рамнотежа ќе биде донекаде неизбежно, не оставајќи ви многу избор. Можеби ќе ви се чини лудо, но новото глувче Samsung Balance буквално “бега” ако претерате со работа...
Објавено на 07.09.2022 - 16:00

Биологија
Компјутерска илустрација на бактеријата Pseudomonas aeruginosa
Како убиец кој се прикрадува зад својата цел и задава смртоносен удар пред да исчезне назад во толпата, некои бактерии произведуваат и инјектираат токсини во конкурентските клетки од организмот домаќин или во други бактериски ќелии, со цел да ги убијат, и ова е веќе познато. Но, новооткриениот токсин напаѓа сосема различна цел во клетките и тоа го прави мошне интересен...
Објавено на 07.09.2022 - 12:15

Астрономија и астронаутика
Познатиот астроном и ветеран во доменот на потрага по вонземска интелигенција, Френк Дрејк почина на 2 септември оваа година, во неговиот дом во Аптос, Калифорнија, на возраст од 92 години. Веста за неговата смрт ја објавија неговата ќерка Надја Дрејк, научна новинарка, и Универзитетот во Калифорнија Санта Круз, каде што тој беше почесен професор и поранешен декан за природни науки.
Објавено на 06.09.2022 - 18:00

Информатика
Во текот на изминатите неколку години, мамките за кликање или т.н. кликбејтовите станаа најлоши непријатели на пребарувачите, користејќи паметно осмислени наслови кои им овозможуваат да даваат погрешни резултати и почесто да се јавуваат при пребарувањето. Но, се чини дека Google сега одлучи да ги отстрани. Па, не баш буквално да ги отстрани, но да ги направи помалку нападни, со менување на некои клучни алгоритми што работат во заднината.
Објавено на 06.09.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Администраторот на НАСА Бил Нелсон ги објаснува причините за одложувањето на лансирањето
НАСА не планира да ги искористи прозореците за лансирање што се отвораат секој ден до 6 септември. Почеток на мисијата Артемида 1 и лансирање кон Месечината може да ги очекуваме најрано од 19 септември, но многу веројатно е тоа да се случи дури наредниот месец.
Објавено на 05.09.2022 - 15:00

Омнибус
Потрошувачко општество е своевиден модерен општествен феномен кој денеска предизвикува многу контроверзи. Оправдани или не тоа е веќе друго прашање. За мене овој феномен воопшто не е дискутабилен, е оправдан и ќе се обидам тоа да го докажам во текстот кој следи.
Објавено на 05.09.2022 - 11:30

Астрономија и астронаутика
SLS ракетата и капсулата Орион на лансирната платформа во Кенеди центарот на НАСА во Флорида
Откако поради повеќе технички проблеми лансирањето закажано за 29 август беше откажано, од НАСА уверуваат дека сите потребни поправки се направени и вториот обид за лансирање треба да биде успешен. Лансирањето е закажано за денес во 20 часот по македонско време, а времето за вклучување во директниот пренос е два часа порано.
Објавено на 03.09.2022 - 12:15

Екологија
Во последниве две-три децении расипаните уреди најчесто не се поправаат, туку се заменуваат со нови. Но, дали некој се запрашал како оваа практика, поттикната од капитализмот и од консумеризмот, се одразува на еколошки план?
Објавено на 01.09.2022 - 16:45

Информатика
Тим од кибер експерти на ФБИ наменет за итни интервенции е веќе на пат кон кон Црна Гора. Нивната задача – да се истражи масивниот, координиран напад врз оваа малата држава и нејзините служби. Ова го објави во средата Министерството за внатрешни работи на Црна Гора откако владините веб-страници, вклучително и оние на министерствата за одбрана, финансии и внатрешни работи, останаа недостапни. Официјални лица изјавиле дека страниците се исклучени “од безбедносни причини“
Објавено на 01.09.2022 - 10:30

Pages