Рубрика: Астрономија и астронаутика
Избор фотографии од Американската еклипса 2024
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 09.04.2024 - 15:15

Авион поминува на небото пред Месечината

Небесниот танц на Сонцето и Месечината во време на еклипса е секако една од најспектакуларните глетки. И затоа не треба да се чудиме што можноста да се набљудува еден ваков несекојдневен настан привлекува илјадници да застанат во линијата на тоталното затемнување за да можат најдобро да го искусат.

Американците долго се подготвуваа за оваа, како што тие ја нарекоа, Голема Американска Еклипса 2024. Организирани беа десетици забави за набљудување, фестивали на еклипсата, проекти за граѓански научен придонес, масовни венчавки по повод затемнувањето на Сонцето, а имаше понуда и за искусување на еклипсата од авион во еден од специјалните летови што ја следеа патеката на тоталното затемнување над континентот. Се разбира, сите беа запознати за протоколите за безбедно набљудување – носење на специјални затемнети очила што ќе ги штитат очите, употреба на соодветни филтри за набљудување со дурбин или двоглед, или процедура за посредно набљудување преку мал отвор или телескоп.

За почеток една фотографија направена од Мартин Стојановски од Скопското Астрономско Друштво кој го набљудуваше затемнувањето од Канада:

Комбинација од 2 фотографии од целосното затемнување на Сонцето над Лејк Мефемагог, Магог, Канада – Лево: ефектот на дијамантски прстен каде што може да се види Сонцето како излегува од зад Месечината. Забележливи се и неколку истакнати црвени блесоци на работ. Десно: фотографија од тоталитетот. Короната е видлива во сета своја убавина... фото : Мартин Стојановски/Скопско Астрономско Друштво

Во продолжение ви го пренесуваме нашиот избор на најубавите фотографии од вчерашното затемнување на Сонцето над Северна Америка, објавени во светските медиуми.

Мазатлан во Мексико беше прв на линијата на тоталитетот при затемнувањето фото: BBC

Луѓето го набљудуваат затемнувањето во Тореон, Мексико фото: Daniel Becerril/Reuters

Затемнувањето видено од Националната рекреативна зона Амистад во Дел Рио, Тексас, една од ретките локации на службата за национални паркови што беше директно на патот на тоталитетот на затемнувањето фото: Sarah Silbiger за CNN 

Месечината почнува да го покрива Сонцето над Игл Пас, Тексас. фото: Eric Gay/AP

Луѓето гледаат како започнува затемнувањето на Сoнцето над Игл Пас, Тексас фото: Eric Gay/AP

Прогресијата на целосното затемнување на Сонцето. Композитна слика од девет фотографии направени од локацијата на Индијанаполис Мотор Спидвеј, во периодот помеѓу 13:29 и 16:25 часот по локално време. фото: Joe Timmerman/IndyStar

Целосно затемнување на Сонцето се гледа покрај развиорено американско знаме во Хултон, Мејн, најисточниот град во САД на патеката на затемнувањето. фото:Jasper Colt, USA TODAY

Патниците на специјалниот лет што го понуди Delta Air Lines во понеделник, а којшто ја следеше целокупната патека на тоталното затемнување. фото: Leonardo Benassatto/Reuters

Авион поминува на небото пред Месечината во моментите на целосно затемнување на Сонцето над Блумингтон, Индијана, во понеделник, 8 април фото: Bobby Goddin/USA Today Network/Reuters

Нововенчана двојка го гледа затемнувањето по масовната венчавка што се случи непосредно пред еклипсата во Раселвил, Арканзас. Тие се еден од 358 парови кои се венчаа на настанот „Земи се при екслипса“. фото: Mario Tama/Getty Images

Делумно затемнување на Сонцето набљудувано крај круната на Статуата на слободата во Њујорк. фото: Timothy A Clary/AFP/Getty Images

Луѓето го гледаат затемнувањето од платформата за набљудување Еџ во Хадсон Јардс во Њујорк. фото: Eduardo Munoz/Reuters

Делумно затемнување над споменикот Вашингтон, забележано во понеделник, 8 април 2024 година фото: Jack Gruber, USA TODAY

Eден од набљудувачите на затемнувањето во Националниот трговски центар во Вашингтон, гледа кон Сонцето користејќи двоглед опремен со соларен филм. фото: Kent Nishimura/Getty Images

Оваа композитна слика од 13 фотографии ја покажува прогресијата на затемнувањето на Сонцето во текот на 2 часа и 28 минути за време на забавата за набљудување на целосното затемнување на Сонцето во 2024 година што се одржа во арената Трампет ин д Ленд во Охајо, Нова Филаделфија. Иако Нова Филаделфија не беше на патот на тоталитетот, набљудувачите доживеаја 99,32% затемнување на Сонцето во 15 часот и 15 по локално време. фото: ANDREW DOLPH/TIMES-REPORTER

Луѓето го гледаат затемнувањето во Вапаконета, Охајо. фото: Matthew Hatcher/Getty Images

Месечината го покрива Сонцето за време на затемнувањето над Магог, Квебек. фото: Stan Honda/AFP/Getty Image

Ефектот Baily's Beads и црвените проминенции кои излегуваат од Сонцето фотографирани при затемнувањето видено од Магог, Канада фото: Stan Honda/AFP/Getty Image

Како затемнувањето на Сонцето изгледа од вселената? На оваа гиф-анимација/видео од ЕСА јасно е видлива сенката на Месечината што "ита" преку површината на Земјата

Илјадници луѓе во Мексико, САД и Канада излегоа од домовите и уживаа во глетката, призор толку различен од она што се случи кај нас во 1999 година, кога имавме делумно затемнување на Сонцето над Македонија. За потсетување, тогаш, на 11 август 1999 година, од Македонија беше видливо делумно затемнување на Сонцето, од значителни околу 91%, меѓутоа кај голем дел од населението владееше некаков страв дека ќе бидат изложени на штетни зрачења, па улиците беа речиси пусти со неколку исклучоци. Но, се надеваме дека во изминативе дваесетина години станавме поинформирани и поедуцирани, за во наредната прилика да можеме спокојно да уживаме.

Клучни зборови:
Авион поминува на небото пред Месечината

Авион поминува на небото пред Месечината во моментите на целосно затемнување на Сонцето над Блумингтон, Индијана, во понеделник, 8 април.

Мазатлан во Мексико беше прв на линијата на тоталитетот при затемнувањето

Мазатлан во Мексико беше прв на линијата на тоталитетот при затемнувањето

Луѓето го набљудуваат затемнувањето во Тореон, Мексико

Луѓето го набљудуваат затемнувањето во Тореон, Мексико

Затемнувањето видено од Националната рекреативна зона Амистад во Дел Рио, Тексас

Затемнувањето видено од Националната рекреативна зона Амистад во Дел Рио, Тексас, една од ретките локации на службата за национални паркови што беше директно на патот на тоталитетот на затемнувањето

Месечината почнува да го покрива Сонцето над Игл Пас, Тексас.

Месечината почнува да го покрива Сонцето над Игл Пас, Тексас

Луѓето гледаат како започнува затемнувањето на Сонцето над Игл Пас, Тексас

Луѓето гледаат како започнува затемнувањето на Сoнцето над Игл Пас, Тексас

Прогресијата на целосното затемнување на Сонцето.

Прогресијата на целосното затемнување на Сонцето. Композитна слика од девет фотографии направени од локацијата на Индијанаполис Мотор Спидвеј, во периодот помеѓу 13:29 и 16:25 часот по локално време.

Целосно затемнување на Сонцето се гледа покрај развиорено американско знаме во Хултон, Мејн

Целосно затемнување на Сонцето се гледа покрај развиорено американско знаме во Хултон, Мејн, најисточниот град во САД на патеката на затемнувањето.

Нововенчана двојка го гледа затемнувањето по масовната венчавка што се случи непосредно пред еклипсата во Раселвил, Арканзас. Тие се еден од 358 парови кои се венчаа на настанот 'Земи се при екслипса'.

Нововенчана двојка го гледа затемнувањето по масовната венчавка што се случи непосредно пред еклипсата во Раселвил, Арканзас. Тие се еден од 358 парови кои се венчаа на настанот 'Земи се при екслипса'. 

Патниците на специјалниот лет што го понуди Delta Air Lines во понеделник, а којшто ја следеше целокупната патека на тоталното затемнување.

Патниците на специјалниот лет што го понуди Delta Air Lines во понеделник, а којшто ја следеше целокупната патека на тоталното затемнување. 

Комбинација од 2 фотографии од целосното затемнување на Сонцето над Лејк Мефемагог, Магог, Канада

Комбинација од 2 фотографии од целосното затемнување на Сонцето над Лејк Мефемагог, Магог, Канада

Делумно затемнување на Сонцето набљудувано крај круната на Статуата на слободата во Њујорк.

Делумно затемнување на Сонцето набљудувано крај круната на Статуата на слободата во Њујорк.

Делумно затемнување над споменикот Вашингтон, забележано во понеделник, 8 април 2024 година

Делумно затемнување над споменикот Вашингтон, забележано во понеделник, 8 април 2024 година

Eден од набљудувачите на затемнувањето во Националниот трговски центар во Вашингтон, гледа кон Сонцето користејќи двоглед опремен со соларен филтер.

Eден од набљудувачите на затемнувањето во Националниот трговски центар во Вашингтон, гледа кон Сонцето користејќи двоглед опремен со соларен филтер.

Луѓето го гледаат затемнувањето од платформата за набљудување Еџ во Хадсон Јардс во Њујорк

Луѓето го гледаат затемнувањето од платформата за набљудување Еџ во Хадсон Јардс во Њујорк

Оваа композитна слика од 13 фотографии ја покажува прогресијата на затемнувањето на Сонцето во текот на 2 часа и 28 минути

<p>Оваа композитна слика од 13 фотографии ја покажува прогресијата на затемнувањето на Сонцето во текот на 2 часа и 28 минути за време на забавата за набљудување на целосното затемнување на Сонцето во 2024 година што се одржа во арената Трампет ин д Ленд во Охајо, Нова Филаделфија. Иако Нова Филаделфија не беше на патот на тоталитетот, набљудувачите доживеаја 99,32% затемнување на Сонцето во 15 часот и 15 по локално време</p>

Луѓето го гледаат затемнувањето во Вапаконета, Охајо.

Луѓето го гледаат затемнувањето во Вапаконета, Охајо.

Месечината го покрива Сонцето за време на затемнувањето над Магог, Квебек

Месечината го покрива Сонцето за време на затемнувањето над Магог, Квебек

Ефектот Baily's Beads и црвените проминенции кои излегуваат од Сонцето фотографирани при затемнувањето видено од Магог, Канада

Ефектот Baily's Beads и црвените проминенции кои излегуваат од Сонцето фотографирани при затемнувањето видено од Магог, Канада