Голем истражувачки тим од Макс Планк Институтот за Металургија (Max-Planck-Institut für Eisenforschung GmbH), во соработка со нивните колеги од Техничкиот универзитет во Дармштат, Технолошкиот универзитет во Делфт и Кралскиот институт за технологија KTХ во Стокхолм, откриле дека е можно да се користи машинско учење за да им се помогне на металурзите да ја пронајдат оптималната мешавина од метали за создавање на посакуваната легура. Во нивниот труд објавен деновиве во списанието Science, групата го опишува нивниот процес во три чекори и колку добро тој функционирал при тестирањето. Во истото издание, Кинг-Миао Ху и Руи Јанг со Кинеската академија на науките, од Институт за истражување на метали, објавија нивна анализа на работата направена од тимот, а огледот е мошне позитивен...