Рубрика: Наутика
Откриени причините за имплозијата на мини-подморницата Титан?
Објавено на 16.05.2024 - 12:00

Оваа фотографија без датум, обезбедена од OceanGate Expeditions во јуни 2021 година, ја покажува малата подморница Титан.

На 18 јуни 2023 година, петмина патници во мини-подморницата Титан ги загубија животите на длабочина од приближно 3800 метри под морето. Трагедијата се случи крај брегот на островот Њуфаундленд, Канада, при обид за посета на потонатиот брод Титаник. Екскурзијата беше организирана од американската компанија OceanGate. Батискафот во кој се наоѓаа патниците имплодира, осудувајќи ги на ужасен крај. Нешто помалку од една година по несреќата, една студија од Универзитетот во Хјустон се обидува да ги расветли причините за трагедијата.

Трудот изработен од научниот тим од универзитетот во Тексас се фокусира на некои морфолошки аспекти на малите цилиндрични подморници, наведувајќи дека несреќата можела да биде предизвикана од минимални геометриски несовршености во структурата на бродот. Тоа би било првпат длабински да биде истражен елемент од ваков вид, односно можноста дека дисконтинуитетот во обликот на подморницата имал клучна улога во зголемувањето на надворешниот притисок, трансформирајќи го Титан во кафез од кој бекството било невозможно.

Тимови од целиот свет беа во трка со времето во обид да се лоцира мини-подморницата и нејзиниот петчлен екипаж, во надеж дека ќе бидат спасени

Со употреба на виртуелни симулации, научниците ја процениле просечната отпорност на нестабилноста на „школката“ на подморницата, подложена на огромни притисоци. При процесто на мапирање на положбата и обликот на сите незабележливи структурни дефекти во тродимензионален модел, најнапред била откриена конформацијата на садот.

Благодарение на овој труд, равенките дадоа јасни резултати за просечната отпорност на нестабилноста на структурите“, објаснува Роберто Баларини од Катедрата за градежништво и инженерство на животната средина при Универзитетот во Хјустон и воедно коавтор на студијата. „Интегритетот на Титан можеби бил загрозен поради оштетување [замор] на материјалот што бил користен за трупот, акумулиран при бројните патувања направени пред колапсот”.

Мини-подморницата Титан фото: OceanGate Expeditions

Трупот на Титан бил изработен од јаглеродни влакна, материјал чувствителен и многу подложен на микро-нестабилности. Тие можат да бидат претставени со микроскопски пукнатини или незабележливи испакнатини на трупот што настанале при процесот на производство или, пак, се појавиле при употреба со текот на времето.

Големите притисоци под површината на морето можеле да предизвикаат одвојување на јаглеродните нишки од матрицата што ги опкружува, предизвикувајќи домино ефект кој конечно завршил со структурен дефект.

Доколку трупот на Титан претрпел толкаво оштетување”, заклучува Баларини, “при екстремните притисоци претрпени за време на последните нуркања, неговата цврстина и отпор значително би се намалиле, што можеби довело до катастрофален исход на мисијата“.

Клучни зборови:
Оваа фотографија без датум, обезбедена од OceanGate Expeditions во јуни 2021 година, ја покажува малата подморница Титан.

Оваа фотографија без датум, обезбедена од OceanGate Expeditions во јуни 2021 година, ја покажува малата подморница Титан.

Тимови од целиот свет беа во трка со времето во обидите да се лоцира мини-подморницата

Тимови од целиот свет беа во трка со времето во обидите да се лоцира мини-подморницата и нејзиниот петчлен екипаж пред тие да останат без кислород.

Карта на која е прикажана локацијата на потонатиот брод Титаник

Карта на која е прикажана локацијата на потонатиот брод Титаник, каде што спасувачите трагаа по исчезнатата туристичка подморница во која се наоѓаат пет лица.

Мини-подморницата Титан

Мини-подморницата Титан фото: OceanGate Expeditions

3Д реконструкција на мини подморницата Титан

3Д реконструкција на мини подморницата Титан