На 20-ти Октомври во хотелот Александар Палас беше одржан Autodesk Digital Transformation Day (ADTD). Настанот беше најавен како BIM бесплатна конференција, во живо, и онлајн, на платформата Zoom. BIM (Building Information Modeling) е принцип кој се применува кај проектирањето на градби, и тука ќе застанам. Иако корисник на AutoCAD од 2003, тргнав на конференцијата само со „Што значи кратенката BIM“, дека е првенствено алатка наменета за архитектите, и дека како принцип се имлементира примарно преку Autodesk – апликацијата Revit, и други апликации од истиот производител...