Минатата сабота (18.05) во хотел Мериот, Скопје се одржа второто издание на WITCON – конференција со спој на технологијата и бизнисот со 450 учесници и 31 говорник на сцената. Искусни професионалци од индустријата споделија свои знаења, искуства и мислења на повеќе теми, вклучувајќи: развој на стартап идеја и достигнување до профитабилност на истата, како вештачката интелигенција може да го подобри човечкиот живот во повеќе аспекти и да го зајакне бизнис капацитетот, трендови во стартап сцената во регионот, агилен развој на продукти и решенија, соработка со интернационални тимови и учење од секој член на тимот и податоци за ИТ индустријата во Македонија
Низ 8 часовна агенда учесниците имаа можност да се запознаат со говорниците, да ги споделат своите идеи и низ паузите и коктел забавата да се вмрежат со професионалци од индустријата со цел развој на заедницата, отворање на можности за заедничка соработка и партнерства.
„Навистина сме премногу среќни и задоволни со она што го видовме и ние денес како организатори. Имавме одлични говорници кои навистина споделија важни искуства кои може да се преточат во бизнис лекции и секако преубава атмосфера. Огромна благодарност до сите говорници за посветеноста кон WITCON. Воедно, би сакале и да се заблагодариме на нашите спонзори и поддржувачи оваа година што се вклучија во WITCON, без кои дефинитивно ова не би можеле да го оствариме“, – велат од тимот на Women in Tech Macedonia. "Со оглед на успехот оваа година, секако WITCON продолжува традиционално да се оддржува секоја година, па очекувајте нѐ со нови идеи, говорници и теми за 2025."
Повеќе информации можете да добиете на нивниот веб-сајт и профилите на социјалните мрежи Facebook, LinkedIn и Instagram
--- промотивен напис ---