Рубрика: Роботика
Финале на RoboMac 2024
Објавено на 26.04.2024 - 13:45

Дали е тоа судир на Титаните?... Не! Мегатрон против Оптимус Прајм? Не! Најголемата робо-битка оваа година ќе се случи утре, сабота 27 април, во рамките на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 што ќе се одржи во 17 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ.

За сите недоволно информирани, RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, и оваа година, по 12 пат се одржува на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.

Извор ФЕЕИТ

Клучни зборови: