Омнибус
Нов современ компјутерски томограф за брза и прецизна дијагностика кај домашните миленици со примена на минимално зрачење, набави Универзитетската ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Објавено на 12.12.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Како што веќе пишувавме со спроведување на мананеварот што му овозможи да излезе од лунарната орбита, на 1-ви декември Орион го започна своето повратно патување кон Земјата. По ова на 5 декември леталото го направи својот последен прелет крај Месечината и се упати назад кон Земјата, па очекувањата се дека денес, 11 декември, Орион треба да се спушти во водите на Тихиот Океан крај калифорнискиот брег, во близина на Сан Диего. По ова тим од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во соработка со американската морнарица, треба да го собере вселенското летало од океанските водите.
Објавено на 11.12.2022 - 14:45

Медицина
Додека 55 милиони пациенти ширум светот и нивните семејства чекаат на некоја можна терапија против болестa на векот – Алцхајмеровата болест, потрагите по лекови за ефикасна борба и по објаснувања за нејзиниот настанок остануваат да тапкаат во место или завршуваат во ќорсокак.
Објавено на 09.12.2022 - 18:45

Историја и археологија
Неодамна археолозите ја открија најраната позната наративна сцена, која раскажува древна приказна, стара 11 000 години. Откритието е направено на локалитетот Сајбурч во југоисточна Турција.
Објавено на 09.12.2022 - 13:15

Металство и машинство
Философска релација е кога имаме движење во природата (а сè е движење), било какво, тоа да биде плод (или производ) на барем две компоненти. Тоа философите го нарекуваат дуализам и фактички дуализмот е клучот за нашето постоење и воопшто е претставува поредок во природата. Така ги имаме следниве дуализми: ден-ноќ, топло-ладно, маж-жена, добар-лош, црно-бело, бог-ѓавол итн. Истото се случува и кога треба да добиеме движење наречено вртење на некое вратило на кое е закачено некое тркало. Но, тука има една несреќа – за човекот кој спознава само емпириски а не и рационално постои само она што се гледа. А ние секогаш го гледаме вртењето на некое вратило и мислиме дека прикаската тука завршува. Но, тоа е голема невистина! Прикаската токму тука почнува. Сето ова ќе го продискутираме имајќи ја предвид фотографијата подолу. Па, да почнеме...
Објавено на 07.12.2022 - 14:30

Аудио и видеотехника
Вечерва, 7 декември во 20 часот, во просториите на Културно информативниот центар во Скопје, ќе се случи промоција на најновите модели од “бутикот за лампаши” на Президент Аудио. Со оглед на тоа што винилот повторно се враќа во мода и љубителите на плочи сакаат да слушаат оригинален звук, засилувачите од Пресидент Аудио се вистински избор за ретро „сладокусците“. Главниот фокус ќе биде врз, во моментов, стандардните модели во понудата на Президент аудио – засилувачите EL34 PP, CHECKMATE, KT88 SE, 300B SE, секој од нив врвен примерок со специфики што го прават одличен избор за слушање квалитетна музика за различни пригоди.
Објавено на 07.12.2022 - 09:45

Астрономија и астронаутика
Има повеќе начини за да се одреди стапката на природен прираст на ѕвезди во нашата матична галаксија, Млечниот Пат. Од директно пребројување на младите ѕвезди, па сè до мерење на осветленоста на гасот и прашината што ваквите ѕвезди индиректно ги загреваат. Иако сите овие методи вклучуваат неизвесни претпоставки, зачудувачки, тие даваат слични резултати – од 1 до 2 соларни маси на новоформирани ѕвезди во рок од една година. И, се разбира, оваа новоформирана маса не оди целосно во конструкција на ѕвездена материја.
Објавено на 06.12.2022 - 15:15

Астрономија и астронаутика
Во неделата, некаде по 17 часот попладне по македонско време, Орион ја изведе втората корекција на траекторијата за враќање, користејќи ги помошните мотори и зголемувајќи ја брзината на вселенското летало за 1,87 километри на час.
Објавено на 05.12.2022 - 18:45

Автомобилска техника
Дали е мртов автомобилскиот дизајн? Прашање за милион долари. Погледнете ги сликите и сами направете заклучок, а моите коментари нека послужат само како провокација за да развиеме дискусија по ова прашање, со што ефикасно ќе ги калибрираме и избаждариме нашите мисли, резон и воопшто уметноста во филозофијата или ако сакате повеќе уметноста во индустрискиот дизајн. Па да започнам:
Објавено на 05.12.2022 - 11:45

Телекомуникации
После првиот неуспешен обид поради проблеми со антените, во вторникот конечно ги воспоставивме првите радиоаматерски врски во Македонија на 5,76 GHz (бранова должина 5,2 cm), односно на C-Band - најнискиот банд на SHF подрачјето. Одржани се двострана телевизиска – ATV врска и двострана FM телефониска врска, со вид на модулација и начин на работа F3F и F3E.
Објавено на 02.12.2022 - 12:00

Pages