Тардигрејдите се познати по нивната способност да преживеат во екстремни услови, дури и на површината од вселенските бродови во вакуумот на вселената. Оттаму не стивнуваат обидите да се открие начинот на кој овие екстремофили можат тоа да го постигнат.
Малите и навидум неуништливи тардигрејди можеби ќе станат помалку мистериозни за науката откако јапонските истражувачи успешно развија техника што се надеваат дека ќе им овозможи да ги користат животинките за лабораториски тестови, како мушички. Проучувањето на индивидуалните генски секвенци што произведуваат протеини, кај овие водни безрбетници веројатно ќе биде клучно. На пример, постои сомнение дека „гел“протеинот им помага на тардигрејдите да преживеат долги периоди на дехидрација.
Тардигрејд виден под микроскоп
Со помош на одреден вид на CRISPR уредување на гените, истражувачите од Универзитетот во Токио демонстрираа дека можат да „исклучат“ или да „вклучат“ специфични гени. DIPA-CRISPR работи како нож за сечење и менување на генските секвенци, што овозможува модификациите да се пренесат на потомството. Се надеваме дека успешната имплементација на техниката ќе овозможи флота „модирани“ тардигрејди да се проучуваат во лабораториски услови, како што тоа е случај со специфичните лабораториски овошни мушички кои понекогаш се користат за научни проучувања.
„За да ги разбереме супермоќите на тардиградите, прво треба да го разбереме начинот на кој функционираат нивните гени“, вели Такеказу Куниеда, биолошки научник специјализиран за истражување на тардигрејди. „Мојот тим и јас развивме метод за уредување на гените – додавање, отстранување или презапишување – како што тоа би го правеле со компјутерски податоци, кај мошне толерантен вид на тардигрејди, Ramazzottius varieornatus. Ова може сега да им овозможи на истражувачите да ги проучуваат генетските особини на тардигрејдите како што тоа го прават кај веќе вообичаените лабораториски животни, како што се овошните мушички или нематодите”.
По демонстрација на способноста за пренос на генските модификации на следните генерации, следен чекор е започнување на процесот на модификација на одредени гени во обид да се утврди нивната функција или, пак, потеклото на “супермоќта”на тардигрејдите. Со „гел“протеинот како цел, истражувачкиот тим од Токио гледа потенцијал ваквите протеини да помогнат во човечки апликации, како зачувување на органи.
„Тардигрејдите не само што ни даваат увид во можните медицински достигнувања, туку нивниот опсег на извонредни особини значи дека тие имале неверојатна еволутивна приказна, која се надеваме дека ќе ја дознаеме додека ги споредуваме нивните геноми со тесно поврзани суштества користејќи ја нашата нова DIPA-CRIPSR- заснована техника“, вели Куниеда.
Истражувањето е објавено во списанието PLoS Genetics.