Дали гума за џвакање може да ви помогне полесно да го завршите средното училиште? Не! Ама, навистина не! A сепак... одредени мали, но интересни истражувања се чини дека го потврдуваат впечатокот што многумина го имаат – дека мастиките промовираат концентрација, особено при учењето. Оваа неочекувана помош е опишана во истражувањето објавено во British Journal of Psychology, кое предлага дека гумата за џвакање може да помогне во одржување на концентрацијата за подолго време при активности кои бараат постојано внимание.
Во истражувањето учествувале 38 лица, поделени во две групи. Во период од 30 минути, учесниците слушале по случаен редослед броеви од 1 до 9, притоа заработувајќи поени врз основа на тоа колку точно и брзо можеле да идентификуваат одредена низа од непарен-парен-непарен број (на пример, 7-2-1).
Резултатите покажале дека оние кои во устата имале мастики, и активно ги џвакале за време на задачата, имале побрзо време на реакција и попрецизни резултати од оние кои не џвакале. Оваа разлика станла уште поочигледна кон крајот на задачата, укажувајќи на тоа дека џвакањето мастики помага за одржување на концентрацијата на подолги периоди.
А придобивката можеби продолжува дури и..., па по испитите. Имено, едно друго истражување спроведено на студенти предлага дека гума за џвакање може да понуди придобивки и додека следите лекција, во поглед на подобрување на вниманието и за „апсорпција“ на информациите.
Па, сѐ додека не правите балони, слободно работете со вилиците во интерес на учењето и знаењето