Уште на почетокот на вакциналната кампања против ковид-19 во светот, СЗО излезе со аргумент дека корист т а од вакцините далеку ги надминува штетите. Нашето МЗ и ВФ само го препишаа и прочитаа тоа штуро соопштение, што многумина не го разбраа како што треба. Немаше никакво објаснување, па веднаш се појавија и многу отпори кон вакцините. Од друга страна, во медиумите имаше агресивна анти-вакс кампања, што создаде слика дека луѓето повеќе умирале од вакцината, отколку што спречувале умирање од ковид.