Утре официјално започнува Саемот на книгата, можеби најголемиот настан во Македонија чијашто основна цел е промоција на една од најкорисните навики, читањето – читањето како сублимирана размена на информации, како пренос на мисли низ времето и просторот, како влезница во нов свет, читањето како орудие, што ако правилно се примени, придонесува за развој на синаптичките мозочни врски и способноста за критичко размислување. Што ни носи ова јубилејно 35 издание на Саемот на книгата? Како што е најавено, освен понуда на книги по популарни саемски цени, организаторите ветуваат и моштво промоции на нови дела како од домашни така и од странски автори.