На 30 ноември Природно математичкиот факултет во СКопје повторно беше исполнет со деца, основци и средношколци, кои ги претставуваа своите експерименти, слушаа забавни научни предавања и се натпреваруваа во хемија, биологија, географија и математика, во рамки на манифестацијата “Ноември – месец на науката”
Демонстрациите на проектите на учениците, кои имаа компетитивен карактер, беа први на програмата, по што тие можеа присуствуваат на инспиративни научни предавања од врвните професори од Природно математичкиот факултет.
Така, можеа да се информираат за Шестото масовно одумирање на видовите, да се уверат во тоа колку Математиката е прекрасна, да дознаат Што значи да се почувствува земјотрес и да стекнат нови знаења за ликот и делото на Дмитри Иванович Менделеев. Освен ова во серија од други предавања учениците имаа можност да се уверат во значењето на познавањето на природните науки во нивното секојдневие и низ повеќе примери да ја видат применливоста на математичките и природните закони во начинот на којшто функционира општеството и светот воопшто.
За крај на денот, беше оставено доделувањето на наградите на средношколците.