Вид, допир, вкус, мирис, слух и... тоа е тоа, нели? Па, не баш. Покрај овие основни пет сетила секој од нас поседува и шесто сетило кое ни овозможува да го согледаме нашето тело – проприоцепција. Проприоцепција или кинестезија претставува способност да се чувствува сопственото тело во просторот благодарение на што, на пример, можеме да го допреме врвот од нашиот нос дури и во темница, затоа што совршено знаеме каде ни е раката и каде ни е носот на лицето.