На 16 декември Природно-математичкиот факултет, една од најстарите и најважните високообразовни институции во Македонија, свечено го одбележа својот 78 роденден.
На свеченоста беа доделени признанија на двајца вработени што се пензионираа во 2024 година (Ратка Стојановска и Златко Костадиновски) и едно признание за непрекината 20-годишна работа на Факултетот на проф. д-р Свемир Горин.
Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески, ги промовираше новите 23 магистри и им врачи признанија на најдобрите студенти. За најдобар студент беше прогласена Душица Брачиќ, со просек 10, дипломиран студент на Институтот за етнологија и антропологија.
Дополнително, на секој од институтите на факултетот беа доделени и дипломите на дипломираните студенти.