Новите достигнувања во синтетичката биологија може да доведат до создавање на синтетички организми наречени „огледален живот“, чиишто молекули се огледални копии на природните молекули. Нивното создавање може да предизвика невидени ризици за човечкиот живот и екосистемите.
„Огледалниот живот“ алудира на феноменот кој вели дека дури и молекулите асиметрични и имаат страна која е доминантна, слично како што кај луѓето десничари десната страна од телото е поразвиена, па шепата од десната и таа од левата рака икогаш не може да се совпадне совршено, налик на слика во огледало. Оваа појава е мошне важна во биологијата бидејќи интеракциите помеѓу биомолекулите се засновани на нивната очекувана форма.
Мнозина научници, меѓу кои и добитници на Нобеловата награда, изразуваат загриженост за потенцијалната можност за создавање на огледални бактерии. Иако оваа можност е технолошки оддалечена од нас барем една деценија, научниците веќе успеале да синтетизираат огледални биомолекули како ДНК и протеини. Овој прогрес отвора пат кон создавање на синтетички клетки со огледални компоненти.
Имено, традиционалниот живот се состои од молекули распоредени во одредена структура, „деснораки“ нуклеоиди, ДНК и РНК и протеини „левучари“ кои се основни елементи кои ги чинат клетките. Меѓутоа, кај „огледалните бактерии“ – хипотетичка синтетичка форма со дадени карактеристики, тие се обратни или „огледални“.
Поради нивните уникатни карактеристики, синтетичките бактерии би можеле да ги избегнат природните предатори како што се вирусите и микробите кои ги држат под контрола бактериските популации. Иако оваа закана моментално е шпекулативна, научниците велат дека можноста за развој на “огледални бактерии” бара одреден степен на грижа и внимание за усогласување на научниот напредок и безбедноста на луѓето.
Во написот објавен во Science на 12 декември, научниците предупредуваат дека создавањето на огледални бактерии може да нанесе неповратна еколошка штета и да доведе до уништување на животот. Тие предлагаат истражувачите, креаторите на политики и пошироката јавност да започнат дискусија за најдобрите начини да се разберат и ублажат овие ризици. Авторите на написот препорачуваат да не се спроведува истражување насочено кон создавање на огледални бактерии освен ако не се покаже дека таквите организми не би претставувале исклучителна опасност.
Идејата за создавање огледални бактерии почнала со поедноставни претпоставки, како што е создавање на лекови со огледални молекули кои би имале подолготрајни ефекти и би ги избегнувале риичните имунолошки реакции. Потенцијалната примена вклучува биореактори кои би биле отпорни на вируси и предатори.
Огледалните бактерии сè уште се теоретски концепт и нешто што веројатно нема да го видиме неколку децении, научниците ја поздравија можноста овде да ги разгледаат превентивните ризици пред да се појават. Поради уникатната протеинска структура на „огледалните бактерии“ тие не можат да еволуираат природно и мора да се создадат вештачки во лабораторија, но за да се постигне ова сепак ќе бидат потребни „значителни научни откритија во истражувањето на синтетичките клетки“.
Сепак, научниците изразуваат загриженост дека огледалните бактерии би можеле неконтролирано да се шират, предизвикувајќи смртоносни инфекции и ширење низ екосистемите. Некои експерти не се согласуваат со ваквите ризици, но авторите веруваат дека оваа тема заслужува сериозна дискусија.
Извор: Scientific American