„ Starship штотуку доживеа т.н. брзо непланирано расклопување [rapid unscheduled disassembly], или RUD, за време на искачувањето “, рече инженерот на SpaceX Џон Инспракер, кој беше еден од коментаторите на преносот на лансирањето на веб-каналот на компанијата. „ Ова сега беше развоен тест, ова беше прв пробен лет на Starship, а целта е да се соберат податоци и како што рековме, да се расчисти подлогата и да се подготвиме за повторен лет. Така што никогаш не знаеме точно што ќе се случи, но како што ветивме, возбудата е загарантирана! Starship ни даде прилично спектакуларен крај на она што беше навистина неверојатен тест “.