По повеќегодишни најави, Apple конечно и навистина го претстави својот визир на виртуелна реалност. Настанот се случи за време на последната WorldWide Developers Conference (WWDC) одржана оваа година – во рамки на која беше прокаќан AR/VR визирот (визир за подобрена реалност и виртуелна реалност) наречен Vision Pro. Значи не Reality Pro, како што навестуваа гласините. Друга грешка што се провлече во најавите од “инсајдери” беше името на оперативниот систем, кој се нарекува VisionOS, а не xrOS. Но, настрана од овие детали, многу технички гласини што протекоа на мрежата се потврдени со презентацијата на овој „скапоцен камен“, ако можеме така да го наречеме, со оглед на цената... :)