Едно истражување за прерано стареење, спроведено со глувци, покажа дека дишењето на воздух во кој има ниски концентрации на кислород овозможува до 50% подолг живот... кај истите глувци Луѓето отсекогаш биле во потрага по еликсирот на животот и методите што би ни овозможиле поздрав и подолг живот. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека за продолжување на животниот век на клетките во нашето тело, корисни може да бидат одредени лекови како метморфинот, лек наменет за лицата кои страдаат од дијабетес, или пак мешањето на три различни лекови како што се рифампицин, рапамицин и алантоин.