Во вечерните часови на 6-ти август 2016-та, поширокото скопско подрачје беше зафатено од невреме со катастрофални последици, проследено со интензивни врнежи од дожд, олуен ветер, силни грмотевици, атмосферски електрични празнења, и поројни поплави. За жал, ова страшно невреме однесе и човечки животи и предизвика големи материјални штети. Анализа на метеоролошките настани прави Владо Спиридонов, нас. вон. професор по метеорологија на Институтот за физика при ПМФ.