Рубрика: Електроника
Реномираниот бренд за безбедносни системи Јаблотрон во Македонија
Автор: Слободан Таневски
Објавено на 03.06.2019 - 12:45

Во петокот, 31 мај, во просториите на хотел Порта, компаниите Паневски и синови од Куманово и Бентен-Пан од Скопје организираа настан на којшто ја претставија палетата производи од чешкиот бренд Јаблотрон. Настанот го означи официјалниот почеток на работата на Јаблотрон во Македонија.

Групацијата Јаблотрон на пазарот постои од 1990 година, а на корисниците им нуди специјализирани врвни решенија за заштита на нивниот имот, здравјето и нивната безбедност.

Палетата производи од Јаблотрон опфаќа паметни решенија за системи за техничко обезбедување коишто наоѓаат примена во домаќинствата, апартманите и компаниите. Перформансите на овие системи ги прават податливи за нивна поширока примена, овозможувајќи нивна креативна примена во изведбите, нудејќи можност за надминување на тековните технички проблеми на корисникот и подобрување на контролата врз некои од корисничките системи.

Во склад со современите текови, безбедносните системи од Јаблотрон се лесни за вградување, надградба и упраување со нив. Ракувањето е особено олеснето од клауд поддршката на целиот систем и апликацијата за далечинско управување којашто на инсталатерите им овозможува брз и едноставен пристап до базата на корисници и одржување на системите.  Притоа од сите комуникации се зачувува безбедносна копија, а целиот систем е повеќекратно заштитен.

На настанот беше присутен и претставник од Амбасадата на Република Чешка, а во презентацијата учествуваа и официјални претставници од седиштето на Јаблотрон, застапниците на Јаблотрон за Македонија – компаниите Паневски и синови од Куманово и Бентен-Пан од Скопје.

Бентен-Пан, ДОО Скопје е компанија која егзистира од април 2005 година, успешно се шири на Македонскиот пазар и кај клиентите остава впечаток на задоволство, доверба и сигурност за понатамошна соработка во секој од нејзините сектори. Трите главни сектори на компанијата се: инсталација, трговија, сервис и одржување на системи за техничко обезбедување; инсталација, трговија, сервис и одржување на електрични инсталации за големи корисници и инсталација, трговија, сервис и одржување на системи за третман на вода.

Клучни зборови: