Дваесет здруженија и сојузи, членки на Инженерската институција на Македонија, денес потпишаа Декларација за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини. По повод 70 години од постоењето на Институцијата, на денешното Свечено Собрание, беше промовирана и монографијата “Инженерство – мотивација – иновација“.