Рубрика: Омнибус
Дрекслмајер им честита на идните мехатроничари
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 07.06.2019 - 09:00

Дрекслмајер ја имаше честа да им честита и да посака успех на првата генерација ученици кои следеа настава според пилот-програмата на дуално стручно образование. Шеснаесет ученици од СОУ “Киро Спанџов – Брко“ од Кавадарци, кои посетуваа практична настава во компанијата, добија сертификати за успешно завршена практична обука.

Седуммина од нив остануваат и понатаму дел од компанијата и ги потпишаа своите први договори за вработување. Со тоа, овие млади и надежни кадри ќе продолжат и понатаму да ги развиваат своите професионални вештини во доменот на индустриската мехатроника. 

Настанот на којшто беа доделени сертификатите и беа потпишани договорите за вработување, се одржа во компанијата Дрекслмајер. Присутните гости, меѓу кои и г. Патрик Мартенс директор на Делегацијата на германското стопанство, како и директорот на СОУ “К.С. – Брко“, Драги Ташев, ги поздрави генералниот директор Лукас Мирингер. 

Ми претставува огромна чест што денес ја имаме првата генерација ученици според моделот на дуално стручно образование. Драго ми е што почетокот на една успешна професионална приказна почнува токму во Дрекслмајер – компанија која го препознава потенцијалот кај младите и ги поддржува да успеат во своите прфесионални намери. Им честитам ним и на нивните најблиски и секако учењето не запира овде; Дрекслмајер и понатаму ќе вложува во стручните квалификации на нашите нововработени колеги“, истакна Лукас Мирингер. 

Среќен сум што бев дел од наставниот модел на дуално стручно образование. Овде добив големо искуство во повеќе области, научив што е одговорност и самодисциплина, но се стекнав и со професионални вештини кои ќе ги применувам понатаму во пракса. Се разбира, горд сум на мојот прв договор за вработување“ – рече Драги Костадиновски матурант во СОУ “Киро Спанџов – Брко“. 

Дрекслмајер е една од водечките компании во земјава која го спроведува моделот на дуално стручно образование според германски модел и стандарди. Околу педесетина ученици од средното стручно училиште во Кавадарци ги совладуваат вештините на индустриската мехатроника во најсовремено опремена работилница во фабриката. Како семејна компанија, DRÄXLMAIER Group придава особено значење на понудата на современа работна средина со највисоки стандарди, како и бројни можности за обука за сите вработени низ целиот свет. 

Клучни зборови: