или како едно истражување покажа дека постојат поголеми шанси да умрете во фиктивна ТВ-болница, отколку во вистинска. Сите што ги голтаат или ги голтале медицинските ТВ-драми “Вовед во анатомија”, “Стажанти”, “Емили Овенс МД”, “Доктор Хаус”, “Приватна пракса”, “Итна помош”, “Општа болница” и кои уште не сегашни и минати играни серии, задолжително ќе треба да го прочитаат текстов. Некој ќе се изненади, а некој можеби и не баш, но едно истражување неодамна спроведено во САД, покажа дека осознавањето на медицински термини и податоци преку гледање на ТВ-серии со ваква тематика можеби не е најпаметна работа.