Рубрика: Индустриски дизајн
ЗД ХАБ – бесплатни обуки за сите студенти
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 10.08.2020 - 22:00

Кон крајот на месец јули, започна со работа првиот 3Д Хаб во земјава кој промотивно нуди бесплатни обуки за сите студенти за 3Д печатење и моделирање.

3Д Хабот е отворен за секој заинтересиран за 3Д моделирање, производство и продажба на 3Д производи и делови. Опремен е со неколку модели и големини на 3Д професионални печатари кои користат различна технологија и имаат различни технички карактеристики, соодветни компјутери со најсовремен софтвер за моделирање, CNC машини за финализирање на производите, како и машини за производство на филамент – потребен за изработка на било каков производ.

Опремата е достапна за користење за секој поединец, кој е заинтересиран да навлезе во оваа технологија без која речиси и да не може да се замисли иднината.
3Д Хабот нуди практична настава во форма на обуки за 3Д моделирање и 3Д печатење.Обуките ќе започнат на 10. aвгуст 2020, а во тек е отворен повик за пријавување на кандидати. За овие обуки не е потребно предзнаење на кандидатот. Секој заинтересиран може да се пријави и да ја погледне наставно-практичната програма на следниот линк: https://3dhub.mk/courses/.

Курсoт како тематски содржини ќе опфати темелно запознавање со основите на 3Д моделирањето и 3Д печатењето, изучување на софтвери и различни алатки за 3Д моделирање, изработка на модели како дел од практичните вежби* (*еден вид на идно портфолио на кандидатите кое понатака може слободно да биде искористено доколку кандидатот се одлучи да работи во полето на 3Д дизајнот и печатењето), 3Д печатење на модели за полесно изучување на технологијата на печатење, правилна припрема и користење на 3Д печатачите, производство на филамент за практично изучување на материјалите за 3Д печатење, нивните својства и намена.

Обуките ќе се одвиваат под менторство на меѓународно етаблирани професори од кои се сертифицирани за Autodesk 3DS Max Professional предавање на знаење.

За сите студенти, обуките во овој прв циклус на обуки се бесплатни!

Секој посетител на курсот има можност да се стекне „своја продавница на веб платформата на 3Д Хабот“ – место каде може да тргува, односно да ги продава своите креативни 3Д модели или предмети кои ќе ги изработи во 3Д Хабот. Со ова всушност секој кандидат/ученик добива и бизнис можност и бесплатна платформа за промоција. Платформата на 3Д Хабот е поврзана со многу други светски 3Д платформи за продажба на 3Д модели и продукти.

Дополнително, 3Д Хабот ќе нуди услуги на маркетинг за производите кои се дизајнирани и произведени (отпечатени) во 3Д Хабот, вклучувајќи: помош при постапка на подобрување на конкурентноста на производите, советување при брендирање на производ, целосно брендирање како и дефинирање на цена, испорака и промоција.

На овој начин, преку едукацијата, веб-продавницата и подготовката за производство и комерцијализација на 3Д моделите, членовите на 3Д Хабот добиваат уникатна можност за развивање на свој иден „занает“ и бизнис. Занает чија побарувачка на пазарот на трудот допрва следува и без кој е незамислива иднината на сите современи општества.

Секој слушател/кандидат, по успешно завршување на курсот ќе има можност за професионален ангажман од страна на 3Д Хабот!

За секој заинтересиран подетално да се запознае со можностите кои ги нуди 3Д печатењето и како може да се вклопи во деловните процеси и работниот тек, како и да се запознае со опремата со која располага 3Д Хабот и процесот од производство на филамент до 3Д моделирање и 3Д печатење, во тек се отворени денови.

Посета на 3Д Хаб просторот кој се наоѓа во Скопје, може да се закаже на https://3dhub.mk/open-week/.

Оваа иницијатива и овој проект е успешно препознаен и ко-финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој.

НАПОМЕНА: Обуките ќе бидат организирани согласно сите официјални и усвоени здравствено - безбедносни протоколи кои важат за време на КОВИД 19 пандемијата.

Чувствувајте се слободни да не контактирате за подетални информации на: https://3dhub.mk/

Со почит,

тимот на 3Д Хаб

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: