Рубрика: Информатика
Инстаграм понуди замена за TikTok
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 07.08.2020 - 18:30

Каква ќе биде судбината на TikTok во САД ќе се знае кон средината на месец септември, до кога имаат време да се договорат со Мајкрософт за продажбата. Но Facebook не сака да чека толку долго и веќе започна со директен напад на дел од пазарот на TikTok.  Откако во Индија, Бразил и уште неколку европски земји ја тестираше новата опција на Инстаграм за кратки видео записи, под името Reels , опцијата стана и службено станале достапна во САД. Reels стана достапен во повеќе од 50 земји, вклучително САД, Велика Британија, Јапонија и Австралија како за iOS така и за Android уредите.

Reels не е посебна апликација како TikTok, туку е претставуа внатрешна можност на Инстаграм за снимање и објава на кратко видео во траење од 15 секунди, за чие создавање се достапни различни креативни алатки. Корисниците на Reels, можат видеозаписите да ги објават на главниот feed или како Story на Инстаграм, но и јавно внатре во Explore табот, за да станат  достапни не само за следбениците туку и за поголем број корисници, а со тоа имаат шанса да станат вирални.

Како и да е, TikTok и Instagram се повеќе од производи за фотографирање. Тие се заедници за веќе етаблирани креоатори и креатори во подем. Според Роби Штајн, прозводниот директор на Инстаграм, главна цел на компанијата е да го “поддржи целиот екосистем на креатори“, вклучително и да им се даде на креаторите можност да го планираат својот дострел на платформата, а додавањето нови алатки ќе ги направи нивните видеа повидливи. Засега, сепак, Instagram нема да им плаќа на популарните творци за нивните видеа, практика што ја започна TikTok.

Постојат неколку други карактеристики што Рилс нема да ги има на лансирањето. Луѓето нема да можат да се поврзат едни со други. Основната карактеристика на TikTok е тоа што им овозможува на луѓето да комуницираат, да ги надградуваат и да ги ремиксираат видеата. Инстаграм исто така нема да дозволи луѓето да испраќаат песни директно во системот на апликацијата. Според Инстаграм, музичарите кои сакаат да ја искористат апликацијата за пласирање на песна со цел таа да стане вирална “можат да постават оригинален аудио материјал само со снимање “, а другите луѓе “би можеле да ја користат и да ја ремиксираат“, но песната како песна нема да може да се постави директно.

Reels им овозможува на луѓето нов начин на изразување, да го откријат тоа што им се допаѓа на Инстаграм, а истовремено им овозможува на сите кои имаат амбиции да станат познати, да бидат видени. Но, никаде не се споменува колку всушност Reels и TikTok се слични, да не речеме исти.  Ако TikTok навистина биде забранет во САД, Reels би можел да биде негова замена. Барем додека на пазарот не се појави нешто ново.

Клучни зборови: