Иако вашата коса, мустаќите, брадата се многу помеки од челикот, сепак оние што се бричат знаат дека кој и да е жилет трпи само неколку употреби. Претходно, истражувачите ова го објаснуваа со затапувањето на остриот раб, кој постепено се аби со секоја употреба. Но, едно ново истражување (да, и овие секојдневности се предмет на сериозни истражувања ;) ) открива дека главен виновник за брзото трошење на вашиот брич е сосема различен процес.