Денеска дури и најзадоцнетите индикатори, подвижните средини, ја потврдија промената на трендот.
7-дневната, односно брзата подвижна средина (црвената линија на првиот дијаграм) ја пресече одгоре надолу 14-дневната, односно бавната подвижна средина (сината линија) на дневниот број на случаи, со што се потврдува почетокот на надолниот тренд.
На вториот дијаграм ја гледаме прогнозата на намалувањето на 14-дневната подвижна средина во наредните две недели. Не знаеме колкаво ќе биде влијанието на новиот потсој BA.2 на Омикрон сојот, чија преносливост е поголема од преносливоста на актуелниот потсој BA.1, но тоа може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, а не и до враќање на епидемијата на почеток.
На третиот дијаграм забележуваме дека во болниците има голем број на хоспитализирани (сината линија), што значи допрва ќе ги гледаме резултатите од безгрижното заразување во јануари.
На четвртиот дијаграм гледаме дека дневниот морталитет (подвижната средина, портокаловата линија) сé уште извишува и се приближува до нивото од претходните бранови. Нема да го достигне нивото на априлскиот бран на алфа сојот, но веќе станува споредлив со врвовите на брановите од вуханскиот и Делта сојот.
Сепак, бидејќи овој бран побргу искачува и побргу слегува, односно времетраењето му е пократко, вкупниот број на жртви ќе биде помал отколку во претходните бранови.
Вкупниот број на жртви во претходните бранови може нагледно да се прикаже како површина (интеграл) под „тумбите“ од сините прачки на четвртиот дијаграм. Сега, со потесна тумба и површината ќе биде помала, односно вкупниот број на починати.
Броевите на починати од разните соеви уште подобро можеме да ги видиме на петтиот дијаграм, графикот на кумулативниот број на починати од почетокот на епидемијата до денес. Таму станува очигледно дека најголема била смртноста на почетокот, додека населението немало никаков имунитет од прележување и никакви вакцини.