Медицина
Толку висок репродукциски број Rt, толку високо забрзување на дневните бројки, не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам, односно Св. Кирил и Методиј. Делта сојот има толку висока преносливост, потпомогната од целосно либерализираните мерки и свадбите, што ни досегашната прележаност и вакцинираност многу не помагаат.
Објавено на 31.07.2021 - 20:30

Астрономија и астронаутика
Командантот на мисијата Дејвид Скот управува со роверот при втората прошетка по Месечината
Денес се навршуваат точно 50 години од слетувањето на мисијата Аполо 15 на површината на Месечината. За повеќето оваа мисија е позната како мисијата кога за првпат астронаутите возеа автомобил на површината на друго небесно тело. Но, значењето на месечевиот ровер е многу поголемо од куриозитетот да се вози автомобил на Месечината –лунарното баги им овозможи на астронаутите да се движат подалеку и побрзо, да земат примероци од почвата што инаку би поминале неоткриени и да постават низа нови научни инструменти. Токму затоа денес, воочи половина век од денот кога за првпат овој автомобил беше стартуван на Месечината, пишуваме за овој настан.
Објавено на 30.07.2021 - 17:00

Архитектура и градежништво
Учествувате на квиз и ви паѓа прашање “Кој е најбрзиот лифт на светот?”. За да не очајувате тогаш прочитајте и дознајте... или пратете му на вашиот пријател што ќе треба да знае ;)
Објавено на 30.07.2021 - 13:15

Омнибус
Во овој времеплов гo славиме родендените на руско-американскиот иноватор Владимир Зворикин, пионер во доменот на телевизијата, jа одбележуваме годишнината од смртта на британската хемичарка и нобеловка Дороти Хоџкин, и се сеќаваме на моментот кога Мајкрософт го презеде Yahoo.
Објавено на 29.07.2021 - 18:30

Медицина
Во првите денови од вакцинацијата со mRNA вакцините на Фајзер (Pfizer), имаше предупредувања од некои научници дека T-killer клетките (клетките убијци, компонента на клеточниот имунитет), откако ќе ги препознаеле како инфицирани клетките кои содржат и емитуваат шилци од корона вирус (кои самите клетки ги произведувале, бидејќи така биле инструирани од mRNA вакцината, за да предизвикаат реакција антиген-антитело), ќе ги уништувале инаку здравите клетки од организмот. Бидејќи во целиот организам сите клетки емитуваат шилци, тие научници предвидуваа дека клеточниот имунитет ќе го убиел здравиот организам и дека во иднина ќе имало масовно умирање на вакцинираните со mRNA вакцините на Фајзер.
Објавено на 29.07.2021 - 13:00

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој седми дел од серијата зборуваме за темата: „Отисокот од чизмата на Олдрин врз месечевото тло“.
Објавено на 29.07.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов оддаваме почест на делото на англискиот физичар и хемичар Џон Далтон, ја одбележуваме појавата на системот Windows NT 3.1, и ги славиме родендените на германскиот хемичар и нобеловец Ханс Фишер, на американскиот лекар и генетичар Барук Семјуел Бламберг и на американскиот теоретски физичар Чарлс Хард Таунс.
Објавено на 28.07.2021 - 15:15

Омнибус
Деновиве, поточно на 23 јули, во јавноста беше објавена жална вест – познатиот физичар-теоретичар Стивен Вајнберг (Steven Weinberg) почина во 88 години од неговиот живот. Тој беше еминентен научник познат по неговиот голем научен придонес во дополнувањето и разјаснувањето на Стандардниот модел на субатомските честички, по неговата работа на полето на теоријата на квантното поле, гравитацијата, суперсиметријата, суперструните и космологијата, како и на теоријата наречена Техниколор. Покрај ова беше и популаризатор на научната мисла, објавувајќи повеќе научно-популарни книги.
Објавено на 28.07.2021 - 13:15

Информатика
Ако се земе предвид дека Visa и Mastercard, како двајца доминантни продавачи во областа на платежните картички, веќе поддржаа картички што користат криптовалути, станува јасно дека дигиталните валути добиваат сè поголема поддршка и динамика. На споменатата акција се приклучи и PayPal, кој исто така започна да ги прифаќа криптовалутите како легитимно платежно средство. До скоро гигантот Амазон сè уште се немаше изјаснето по ова прашање. Но, неодамна беше забележано дека Амазон објави оглас за ангажирање експерти кои се занимаваат со криптовалути, како и со блокчејн технологија. Оваа вест укажува на тоа дека Амазон почнува сериозно да размислува за употребата на криптовалути, а особено на биткоинот...
Објавено на 28.07.2021 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Неодамна бевме сведоци на лансирањето на две приватно финансирани и градени вселенски летала до орбитата на Земјата и назад. Иако ниту едно од овие две летала не е прво приватно финансирано летало наменето за патување во вселената, ниту пак е на исто ниво со вселенските ракети и капсули на Елон Маск, она што ги прави историски уникатни е што за првпат финансиерите на овие потфати беа дел екипажот кој се вивна кон вселената во обид да се стекнат со титулата астронаут. Најнапред тоа го направи Ричард Бренсон со неговото летало Вирџин Галактик, а потоа и сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос. И за малку ќе им успееше...
Објавено на 27.07.2021 - 13:00

Pages