Астрономија и астронаутика
Звучи нешто како од научнофантастичен (ахем, можеби и не многу добар) филм – потрага по знаци за вонземска цивилизација во рамките на нашиот поширок дом. Но, по “прашината” што се крена по минувањето на еден од, барем во нашето модерно доба, најмистериозните објекти низ Сончевиот систем, објектот Оумуамуа, како и низата шпекулации кои се јавија во врска со неговото потекло и намена, многумина сериозни научници сакаат да го “прочешлаат” небото во потрага по слични објекти кои можеби заталкале од меѓуѕвездениот простор во нашето соседство.
Објавено на 26.07.2021 - 18:30

Омнибус
Во овој времеплов го славиме успешното враќање на Земјата на екипажот на Аполо 11, откритието на Мачу Пикчу и првата вселенска прошетка направена од една жена. Покрај ова ги одбележуваме и првата подводна нуклеарна проба и лансирањето на првиот геостационарен комуникациски сателит.
Објавено на 26.07.2021 - 17:45

Физика
Двајца студенти по физика, користејќи вистински податоци од мисијата Касини, го претворија својот проект од прва година во рецензиран научен труд.
Објавено на 26.07.2021 - 13:30

Медицина
Веќе долго време ефективниот репродукциски број Rt стои над единица и дневните броеви на нови случаи забрзуваат со растот (на дијаграмот на втората слика). Покрај стандардните Тетово и Скопје, од вчера избувна и во Куманово, а полека се загреваат и Гостивар, Охрид, Прилеп и Струмица. Ваков раст немавме минатото лето, но да не заборавиме, сега го имаме Делта сојот!
Објавено на 25.07.2021 - 01:45

Телекомуникации
Овој месец одбележуваме два значајни јубилеја од радиодифузијата во македонскиот етер – 35 години од стартувањето и 30 години од последната емисија на Младинското радио „Клуб 100“ – првото независно радио во македонскиот односно скопскиот етер. Јубилејот ќе се одбележи овој петок, на 23.7.2021, со изложба на артефакти, документи, фотографии и снимки од работењето на Младинското радио КЛУБ 100, која сите заинтересирани ќе може да ја разгледаат во Куршумли Ан во скопската стара чаршија, со почеток од 20 часот.
Објавено на 22.07.2021 - 16:15

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој шестти дел од серијата зборуваме за темата: „Како астронаутите прошле живи низ Ван Аленовиот појас?“
Објавено на 22.07.2021 - 12:00

Архитектура и градежништво
Свеченото пуштање во употреба на мостот
По шест години од почетокот на проектот, минатата недела во Амстердам во областа Де Вален, позната и како област на Црвените фенери, над еден од најстарите канали беше поставен првиот 3D печатен мост од челик. Пешачкиот мост е дизајниран од холандскиот архитект Јорис Ларман, а изработен е од страна на техничката стартап-компанија MX3D.
Објавено на 21.07.2021 - 17:15

Медицина
Кога вирусот SARS-CoV-2 ја инфицира клетката, тој ја воведува во неа сопствената РНК и ја ‘репрограмира’ на таков начин што клетката најнапред произведува вирусни протеини, а потоа и цели вирусни честички. Во потрагата по активни супстанции за сузбивање на SARS-CoV-2, сè досега истражувачите најмногу се фокусираа на вирусните протеини и изнајдувањет начини за нивно блокирање, бидејќи овој пристао ветуваше спречување или барем забавување на репликацијата на вирусот. Но, репликацијата на вирусот може да ја запре или забави и со напад врз вирусниот геном, односно долгата РНК молекула.
Објавено на 21.07.2021 - 12:00

Информатика
Google го поедноставува начинот на којшто корисниците на Drive прават резервна копија и ги синхронизираат своите датотеки. Компанијата ја претстави новата Drive апликација за декстоп компјутери со Mac и со Windows оперативни системи.
Објавено на 20.07.2021 - 15:00

Астрономија и астронаутика
Кон крајот на минатата недела НАСА конечно успеа да го префрли функционирањето на вселенскиот телескоп Хабл на резервниот хардвер, и да го вклучи бекап компјутерот. Префрлувањето беше направено со цел да се надмине проблемот којшто се јави со оригиналниот компјутер на 13 јуни оваа година. Имено, компјутерот тогаш престана да работи, одложувајќи го собирањето на научни податоци на неодредено време.
Објавено на 20.07.2021 - 14:15

Pages