Некои популарни мрежи се одлучија за потези кои многумина нема да ги дочекаат со ентузијазам. Имено, се чини дека големите социјални мрежи би можеле бесплатно да почнат да ги наплаќаат услугите кои нивните корисници до сега ги користеле.
Сајтот Komando идентификуваше што може да се наплаќа и на кои мрежи. По преземањето на компанијата од страна на Илон Маск, Твитер објави дека ќе го промени својот план за претплата на сината значка. Синиот знак за проверка, којшто означува дека сметката е потврдена, доживеа фијаско бидејќи луѓе имитираа познати брендови и личности, вклучувајќи го и самиот Маск. Па така, ако сега аплицирате за син беџ, не ќе може веднаш да го добиете. Вашиот профил прво ќе треба да исполни одредени барања. (види тука)
Значи, што друго доаѓа со претплата на Твитер? Корисниците ќе можат да уредуваат твитови, односно ќе имаат 30 минути да ги уредуваат објавените твитови. Корисниците ќе имаат и приспособени икони и може да ја менуваат темата за нивната апликација со избирање од списокот на достапни теми.
Има и некои други придобивки, како што е можноста за објавување подолги видеа, подолги твитови, поништување твитови итн. Што е со цената? Корисниците на апликацијата ќе плаќаат повеќе во споредба со оние што ја користат веб-верзијата. Сината “штикла” на Twitter за iOS и Android чини 11 долари месечно или 114,99 долари годишно и 8 долари месечно или 84 долари годишно за веб.
Но, што е со Фејсбук? Марк Цукерберг, сопственикот на Мета (Фејсбук, Инстаграм) минатиот месец објави дека компаниите ќе почнат да го наплаќаат синиот беџ за корисниците на овие социјални мрежи. Корисниците ќе имаат некои други бенефиции, како што се специјални налепници и ѕвезди што ќе можат да ги испратат до нивните омилени креатори на содржина на платформата. Видливоста исто така ќе биде зголемена, што значи дека повеќе луѓе ќе ги гледаат нивните објави и коментари.
Мета ветува дека проактивното следење на сметката ќе го заштити корисникот од имитирање. Една од најголемите предности е што претплатниците ќе имаат директна поддршка бидејќи во спротивно е мошне тешко да стапите во контакт со Мета (на пример, кога вашиот профил е хакиран).
Колку ќе чини ова задоволство? Т.н. Meta Verified ознака ќе чини 11,99 долари месечно за веб верзијата (само за Facebook) и 14,99 долари месечно за апликацијата на iOS и на Android