Информатика
Американскиот суд во средата пресуди дека компанијата Мета треба да плати 174,5 милиони долари за кршење на патентните права што се однесуваат на функцијата за пренос во живо во рамките на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм. Решенијата што овие апликации ги користат биле развиени од поранешен припадник на американската армија, кој ги осмислил како своевидна ‘закрпа’ за недостатоците во комуникацијата на бојното поле.
Објавено на 22.09.2022 - 13:15

Астрономија и астронаутика
На 27 септември 2022 година, во 1 часот и 14 минути по македонско време, сондата DART (Double Asteroid Redirection Test) ќе удри со брзина од 24000 km/h во месечината на астероидот Дидим, Диморф. Целиот спектакл што ќе се одигра на оддалеченост од нешто повеќе од 10 милиони километри од Земјата ќе биде будно следен од сателити на НАСА и ЕСА...
Објавено на 21.09.2022 - 17:15

Автомобилска техника
Речиси секогаш квалитетот на каросеријата на моторните возила (вклучително и шасијата каде што ја има) ја гледаме и оценуваме во однос на нејзиниот естетски аспект. Кај постарите возила, ако таа била ’рѓосана (скапана) лаички се задоволуваме со фактот што била закрпена во автолимарска работилница и си умислуваме дека е “како нова”. Ова е катастрофално поимање на нештата од оваа сфера! Ако пак се работи за модерно возило, кое настрадало во сообраќајна несреќа, исто така сме задоволни ако тоа било поправено во автолимарки сервис каде биле исправени и испеглани згмечените делници, па повторно си умислуваме дека е “како ново” – одушевување што значи дека ништо не се познава од сударот! И ова е катастрофално поимање на нештата од оваа сфера за што ќе стане збор во некоја друга прилика. Во оваа прилика ќе ја прокоментираме приложената фотографија која го покрива првиот од двата случаи што беа споменати.
Објавено на 20.09.2022 - 15:00

Телекомуникации
Николче потврдува прием на рапортот од Дејан (R) и истовремено испраќа свој рапорт на Дејан (P5 за слика и S9 за тон)
Со задоволство и голема возбуда денес објавуваме уште едно важно достигнување во македонската радиоаматерска историја. Воспоставена е првата двонасочна телевизиска (ATV) врска со микробранови помеѓу Дејан Трајковски (Z31RQ/P) и Николче Z32TW/P, во присуство на Кирко, Z33B како сведок.
Објавено на 19.09.2022 - 14:00

Фототехника
Разгледување на изложбата од посетителите
Веќе десет години континуирано се одржува изложбата со Љубов од Битола. За јубилејот еден од творците на изложбите, Диоген Хаџи Коста Милевски кажа: “Оваа изложба Со љубов од Битола ќе го одбележи 10 издание приказни за нашиот град”. Па, бидејќи и јас сум учесник на сите овие изложби, од првата до јубилејната, ќе се обидам со студена глава да ги пренесам впечатоците од сите изминати години и изданија до денес, односно до отвароњето на изложбата на 12.9.2022 година во 20 часот.
Објавено на 16.09.2022 - 15:45

Информатика
Како се прават дигитални игри на другата страна на светот? Што е актуелно во Америка, а што во Азија? Што значи да имаш издавач кој инвестира во твојата игра? Какво е чувството кога играта ќе ти биде презентирана на Gamescom и Pax West, а интервју ти прави Thomas Brush? Овие прашања и уште многу други ќе бидат дискутирани на мастер-клас предавањата кои ќе се одржат на Универзитетот за информатичка наука и технологија "Св. Апостол Павле", Охрид, на 17-ти септември, сабота, во 12 часот.
Објавено на 16.09.2022 - 13:15

Научна фантастика
Вечерва во Форт Кафе кај Самоилова Тврдина беше презентиран проектот “Охридски преданија од иднината”, научнофантастична збирка која преку текст и илустрации детално го предвидуваат изгледот на градот на светлината во 27-тиот век. Мотивите кои се застапени во киберпанк расказите вклучуваат хуманоидни роботи, бесмртни трансхуманисти, тајни интерпланетарни организации, вонземски цивилизации, а сите дејствија се случуваат на археолошки локалитети во Охрид.
Објавено на 16.09.2022 - 00:45

Медицина
Светот го бележи најмалиот број пријавени смртни случаи како последица од ковид-19, од март наваму, додека ширум светот се исчекува на одобрувањето на новите вакцини засновани на подсојот на Омикрон од страна на здравствените власти. Оваа новонастаната ситуација го поттикна шефот на Светската здравствена организација да изјави дека “ крајот на пандемијата е на повидок ”...
Објавено на 15.09.2022 - 23:00

Фототехника
Едно истражување што ги спојува науката за рециклирање со астрофизиката ќе ве натера со нови очи да гледате кон искористените пластични шишиња. За што се работи? Меѓународен тим од Германија и Калифорнија успеал да направи минијатурни дијаманти со изложување на материјалот полиетилен терефталат односно ПЕТ (она од што најчесто се прават пластичните шишиња и садови за храна) на екстремни температури и притисоци.
Објавено на 14.09.2022 - 12:00

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на целосно отворениот сателит BlueWalker 3 во земјината орбита
Нè очекува светла иднина – новиот сателит е толку голем, што речиси секој ќе може да го види и препознае на ноќното небо – ете, толку е огромен и светол. Но, токму тука лежи и еден огромен проблем за астрономите – светлосниот отсјај од комуникацискиот сателит се очекува да биде толку светол што може да ги засени сите ѕвезди и планети.
Објавено на 13.09.2022 - 13:30

Pages