Астрономија и астронаутика
Научниците кои ја проучуваат далечната егзопланета К2-18B (оддалечена околу 120 светлосни години во соѕвездието Лав) открија метан, јаглерод диоксид и можна трага од диметил сулфид (DMS) - молекула која, на Земјата, ја произведуваат речиси исклучиво живи организми како што е морскиот планктон.
Објавено на 27.04.2026 - 10:45

Омнибус
Македонија го добива своето прво меѓународно признание за жени во технологијата и поддржувачи на екосистемот под покровителство на нашата прва жена претседател проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
Објавено на 24.04.2026 - 18:00

Информатика
Американскиот технолошки гигант Епл по 15 години го менува генералниот директор. Џон Тернус, досегашниот шеф на секторот за хардверско инженерство ќе го замени Тим Кук, досегашниот ‘кормилар’ на компанијата. Примопредавањето на должноста е планирано за 1 септември.
Објавено на 24.04.2026 - 17:30

Роботика
Во периодот од 20 април до 25 април на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2026. Главен организатор беше токму ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.
Објавено на 24.04.2026 - 17:15

Роботика
На меѓународниот полумаратон E-town во Пекинг оваа година учествуваа 300 хуманоидни роботи, паралелно со луѓето тркачи. Кинеските компании кои се занимаваат со производство на хуманоидни роботи забрзано ги развиваат своите модели со постојано подобрување на атлетските и навигациските перформанси. Како доказ за технолошкиот напредок на кинеските производители е тоа што на полумаратонската трка во Пекинг оваа година роботите биле поуспешни од луѓето.
Објавено на 24.04.2026 - 14:45

Колумна
Пред неколку дена Владата го усвои документот со наслов 'Интегриран Национален план за енергија и клима 2025–2030'. Според Министерството за енергетика ова е стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Ја посетив-веб страницата на Министерството со цел да го ‘симнам’ документот и да го прочитам, но таму не можев да го најдам. Случајно го најдов на интернет, на веб-страницата на Министерство за дигитална трансформација.
Објавено на 23.04.2026 - 14:15

Телекомуникации
Кон крајот на минатата година од печат излезе изданието на англиски јазик на книгата ‘Guerrilla Portable – A Guide to Ultralight Outdoor Amateur Radio’ од авторот Владимир Ковачески (Z35M), дело посветено на ултралесниот радиоаматерски портабл на отворено. Книгата за кусо време е продадена во 20 земји на три контитенти, a минатата година беше објавено и изданието на македонски јазик со наслов ‘Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено’.
Објавено на 22.04.2026 - 17:30

Роботика
Како и секоја пролет во овој период, неделава од 20-ти до 25-ти април на Факултетот за електротехника и информациски технологии се одржуваат натпреварите RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026.
Објавено на 20.04.2026 - 18:30

Фототехника
Сончева аналема над Скопје
Ако секој ден, во исто време и од истото место, го фотографирате Сонцето во текот на една цела година, композитната слика добиена од овие фотографии ќе го прикаже Сонцето како исцртува развлечена фигура на песочен часовник, односно осумка на небото. Оваа осумка, што го следи патот на Сонцето во текот на една година се нарекува аналема.
Објавено на 16.04.2026 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Нашите пријатели од Скопското астрономско друштво повторно организираат Курс по астрономија за деца чијашто цел е приближување на астрономијата кон децата на возраст од 6 до 12 години.
Објавено на 15.04.2026 - 14:00

Pages