Медицина
Мери Е. Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи со овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за медицина и физиологија 2025 за, како што тоа го наведуваат од Нобеловиот комитет: „нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција“ Имено, секој од нив во својот сегмент даде придонес во тоа да се открие како имунолошкиот систем се држи под контрола
Објавено на 06.10.2025 - 16:00

Омнибус
Универзитетот Еуропа Прима се вклучува во процесите на дигитализација на културното наследство на Македонија со потпишување на Меморандум за соработка со управата за заштита на културно наследство, соработка што беше промовирана на првиот свечен академски час во петокот 3.10.2025 во просториите на универзитетот, во салата на Кинотека на Македонија. Исто така, во рамки на свеченоста за одбележување на почетокот на новата академска година, проф. д-р Роман Кралик од Универзитетот “Константин Филозоф”од Нитра, Р. Словачка, беше промовиран во Doctor honoris causa.
Објавено на 06.10.2025 - 14:30

Информатика
Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.
Објавено на 03.10.2025 - 17:00

Информатика
Иако претходниот ден имаше неколку интересни панел-дискусии со информации и примери за тоа како синергијата помеѓу образовните институции, бизнис секторот и државните институции може да придонесе за забрзување на дигитализацијата во регионот и официјалното отворање на настанот беше резервирано за 2 октомври...
Објавено на 03.10.2025 - 11:00

Информатика
Денес, во просториите на Музејот на современа уметност во Скопјe, започна Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, чијашто крајна цел е забрзување на дигиталната трансформација на регионот. Настанот, кој се одржува од 1 до 2 октомври 2025 година, на едно место ги носи владите од регионот, деловната и академската заедница, како и меѓународните партнери.
Објавено на 01.10.2025 - 20:00

Физика
На Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет – Скопје, се одржа мастерклас на тема ‘CERN, the Large Hadron Collider and Future Particle Accelerators’
Објавено на 30.09.2025 - 13:00

Астрономија и астронаутика
JWST обезбеди неверојатен увид во SIMP-0136, самотна планета оддалечена приближно 20 светлосни години од Земјата.
Објавено на 29.09.2025 - 16:15

Медицина
Во јули беше објавена првата популациска кохортна студија од Италија, а веќе излезе од публикација и нова, многу поголема студија од Јужна Кореја која ги потврди загрижувачките резултати: вакцинираните со Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Џенсен имале статистички значајно повисоки стапки на заболеност од повеќе видови рак во однос на невакцинираните. Сигналот е конзистентен за сите типови вакцини, за двата пола и за различни возрасни групи.
Објавено на 28.09.2025 - 21:15

Медицина
Квалитетот на воздухот што го дишеме е повеќе од актуелно прашање, не само во месец во кој се изнадишавме сeкаково ѓубре што беше ослободено во атмосферата од повеќе запалени депонии. Имено, врската помеѓу она што го дишеме и нашето здравје е директна и таа одново и одново се поткрепува со научни докази. Најново во низата – дишењето на високо загаден воздух видливо го влошува текот на Алцхајмеровата болест...
Објавено на 26.09.2025 - 13:15

Телекомуникации
Z31RQ/P на работната позиција кај напуштената метеоролошка станица на Попова Шапка. Лево се гледа самиот врв Попова Шапка и викенд-населбата.
Во неделата, 21.9.2025 година во 14 часот е одржана рекордна радиоврска помеѓу нашите радиостаници Z31RQ/P (Дејан) и Z32TW/P (Николче) на растојание од 118,1 km на фреквенција од 10,386 GHz (на X-band, односно 3 cm радио бранови).
Објавено на 25.09.2025 - 12:15

Pages