Рубрика: Информатика
ВИ го менува начинот на кој се креираат интернет страници
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 16.10.2026 - 15:00

– од идеја до сајт за еден ден

Креирањето на интернет сајт некогаш подразбираше недели на договарање, чекање на дизајн, програмирање и дополнително време посветено на подоцнежни измени. Денес за покренување на едноставен сајт често доволни се само неколку часа, а една од причините за тоа е сѐ пообемната примена на вештачката интелигенција.

Алатките со ВИ наменети за изработка на сајтови му овозможуваат на корисникот наместо да ја дефинира од почеток структурата на страницата и нејзината содржина, едноставно да опише со што се занимава и што сака да претстави на неа. Врз основа на тие информации системот може да направи почетна верзија на сајтот, со предлог за структура, текстови и распоред на елементите.

Но, таквиот резултат не значи и дека работата е завршена. ВИ најчесто создава почетна верзија што корисникот понатаму ја прилагодува согласно сопствените потреби. Сепак, промената е значајна. Првиот чекор, кој порано често бараше ангажирање на дизајнер и програмер, сега може да биде автоматизиран.

Забрзан е и дел од процесот којшто се однесува на инфраструктурата. Доменот и хостингот можат да се регистрираат преку интернет, додека активирањето на услугата се извршува речиси веднаш по купувањето.

Функции од типот на SSL сертификати, резервни копии и основна заштита сè почесто се дел од стандардната хостинг понуда, која често ги обединува хостинг инфраструктурата и придружните услуги потребни за поставување сајт.

Тоа не значи дека изборот на хостинг провајдер повеќе не е важен. За сопственикот на сајтот сè уште се важни локацијата на серверот, брзината на вчитување, достапноста на корисничката поддршка, можноста за проширување на пакетот и начинот на кој се решава миграцијата на постоечкиот сајт. Посебно прашање е каде физички се чуваат податоците. Локацијата на дата центарот може да влијае на перформансите на сајтот, но и да отвори прашања поврзани со надлежност и заштита на податоците.

Оттаму промената не е само во тоа што сајтот може да се направи со помош на вештачка интелигенција. Се менува целиот процес – од првата идеја, преку дизајнот и содржината, сѐ до хостингот и одржувањето.

За поедноставни бизнис презентации, портфолија и информативни сајтови, она што некогаш можело да трае недели, денес може да се заврши за еден ден. Времето кое порано се трошеше на технички чекори сè повеќе се префрлува на она што сè уште е најважно – содржина, корисничко искуство и целта поради која сајтот е направен.

Клучни зборови:

Слика: ЕМИТЕР/ВИ

Слика: ЕМИТЕР/ВИ