Психологија
Во овој период секојдневно слушаме “СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!” СРЕЌА – Што всушност значи овој поим? За него честопати мислиме дека е имагинарен, дека е привилегија само на најбогатите, најинтелегентните, најубавите… Стручно кажано среќата е емоционална состојба во која човекот се чувствува убаво и исполнето, за разлика од задоволството кое има покусо траење. И среќата и задоволството имаат минлив карактер, но за разлика од задоволството среќата е повредно, подлабоко чувство.
Објавено на 31.12.2019 - 12:45

Омнибус
Од неодамна, на нашата веб-продавница www.emiter.mk развивме систем преку кој е овозможена групна претплата на електронското издание на Емитер за образовни институции. Први корисници на овој систем ќе бидат сите 1200 студенти и вработени од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје.
Објавено на 28.12.2019 - 13:30

Информатика
Фитнес белегзијата од Realme
Индиската компанијата Realme е релативно млада компанија којашто претходно работеше под закрила на компанијата Oppo, како нејзин подбренд. Realme веќе одредено време делува како посебна компанија на пазарот за паметни мобилни телефони, а своето деби го имаше минатиот мај со моделот Realme 1. Оттогаш до денес компанијата лансираше над десетина смартфони.
Објавено на 27.12.2019 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Ќе започнеме со малку историја во врска со 5-тата фундаментална сила! Во времето на Њутн и Ајнштајн, во космологијата се сметаше дека космосот е статичен (неподвижен). Меѓутоа, подоцна, со откритието на Едвин Хабл (Edwin Hubble) се утврди дека универзумот не е статичен, туку дека перманентно експандира (се шири). Сепак, под дејство на гравитацијата на галаксиите се сметаше дека ширењето перманентно забавува, па научниците дебатираа околу прашањето дали космосот ќе колабира, т.е. повторно ќе се згусне, како што бил на почетокот. Притоа тие сметале дека космосот, каков што тогаш тие го гледале и го сфаќале, е “продукт” од вкупно 4 (четири) основни природни сили: електромагнетската, јаката нуклеарна сила, слабата нуклеарна сила и гравитацијата.
Објавено на 25.12.2019 - 11:30

Психологија
Ви текнува на сценаријата на приказните од детството? Девојката или момчето се мачи со некаков огромен проблем, а мудрата старица ги советува: “Легни си сине, не се думај премногу, зошто утрото е поумно од вечерта". Овој совет добива и своја научна поткрепа...
Објавено на 23.12.2019 - 12:45

Роботика
Новите сознанија, добиени од истражувањата на интеракцијата меѓу луѓето и вештачката интелигенција (ВИ), укажуваат дека довербата на луѓето во безбедно извршување на задачите од страна на ВИ расте ако таа ги објаснува постапките што ги спроведува.
Објавено на 20.12.2019 - 12:30

Историја и археологија
Лола – првиот човек од каменото доба од кого постои целосен примерок од ДНК
Данските научници успеаја да извлечат целосен примерок од човечка ДНК од парче брезова смола стара повеќе од 5000 години, којашто била користена како своевидна гума за џвакање.
Објавено на 18.12.2019 - 12:30

Астрономија и астронаутика
Мисија којашто дојде најблиску до Сонцето, досега!
Вселенската сонда Паркер (Parker Solar Probe) е амбициозна мисија на американската вселенска агенција НАСА којашто има за цел да ја проучува загадочната надворешна атмосфера на Сонцето наречена “корона”.
Објавено на 17.12.2019 - 12:45

Медицина
Истражувањата спроведени последниве години почнаа да го поврзуваат високиот притисок со симптомите за алцхајмерова болест. Но, како и кај повеќето почетни чекори, ќе бидат потребни повеќе истражувања за да се пресуди дали оваа врска е случајна или не.
Објавено на 16.12.2019 - 11:15

Индустриски дизајн
Во услови кога се соочуваме со одлив на млади и кадар од земјава, а уделот на индустријата во БДП се намалува, го поставуваме прашањето како да создадеме економија базирана на знаење и на технолошки развој?
Објавено на 13.12.2019 - 18:30

Pages